01 Мај, 2024
0.0469

„Бехтел и Енка“ ќе купува 40 нови автомобили за надзорниците на новите автопати што ќе се градат

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ќе ги гради новите автопатски делници од Коридорот 8 и Коридор 10-д во Македонија, ќе треба да им купи најмалку 40 нови автомобили на надзорниците на консултантот ИРД.

Јавното претпријатие за државни патишта го објави договорот со консултантот ИРД на системот за јавни набавки, а таму стои дека, иако имало поевтина понуда, надзорниот орган ќе добие 22,5 милиони евра (без ДДВ) за услугите.

Покрај тоа, „Бехтел и Енка“ како изведувач ќе треба да им набави канцеларии,  уреди и најмалку 40 нови автомобили на надзорниците и инспекторите од ИРД. Автомобилите ќе останат во сопственост на „Бехтел и Енка“, но изведувачот за ова сигурно ќе наплати од граѓаните кога ќе се потпише конечниот договор. ИРД од својот буџет ќе треба само да ги исплати лабораториите и геодетската опрема.

- За ефикасно извршување на работите на Надзорниот тим и Персоналот на автопатските делници од Проектот, Изведувачот на свој трошок ќе набави минимум 40 нови и неупотребувани возила, се вели во еден од договорените услови на консултантот.

Возилата треба да бидат „соодветни на условите и потребите на терен“ и да им се во секое време на располагање на надзорниците и персоналот. Сервисирањето и точењето гориво ќе биде обврска на изведувачот. 

ИРД, како компанијата што ќе го надгледува процесот на изградба на овој проект, ќе учествува во преговорите на Владата со меѓународниот конзорциум „Бехтел – Енка“ во наредниот период, во кој ќе треба да се утврди и конечната цена по која ќе се градат автопатските делници.

„Бехтел и Енка“.треба да ги градат автопатските делници Гостивар – Кичево, Тетово – Гостивар, Требениште – Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола, откако владата претходно потпиша меморандум, а Собранието донесе Закон со кој со консензус го аминуваше изборот на конзорциумот.

Владата минатата недела го одобри заклучокот предложен од Комитетот за преговори дека се исполнети сите предуслови за почеток на преговорите и формирање на работни групи меѓу „Бехтел – Енка“ и ИРД, преговори кои ќе траат 21 ден.

Договорот го потпишаа директорите Ејуп Рустеми и  Паоло Орсини. Присутни беа и премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби, како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кои рекоа дека овој инфраструктурен проект е оценет како најголем во трисетгодишниот период на независна држава.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“