18 Декември, 2025
0.3038

Ќе се бара меѓународна институција да издаде обврзница во денари

Објавено во: Економија 15 Февруари, 2019 07:08

Добивај вести на Viber

Народната банка и Министерството за финансии планираат да разговараат со меѓународни финансиски институции кои би можеле да издадат должнички хартии од вредност во домашна валута на македонскиот финансиски пазар. 

Во следниот период властите сакаат да се фокусираат на поттикнување на издавање хартии од вредност во денари за да се намали евроизацијата во економијата. За тоа веќе има и посебна стратегија за денаризација на НБМ и на Финансии. 

На тој начин, ќе се збогати лепезата на финансиски инструменти достапна до домашните инвеститори, со истовремено зголемување на можностите за распределба на изложеноста на инвеститорите кон различни издавачи на хартии од вредност. Се предвидува средствата коишто ќе се приберат преку емисиите на ваквите хартии од вредност да се насочат како кредитна поддршка на малите и средните претпријатија, што би влијаело позитивно и врз вкупните економски движења во домашната економија, велат од Министерството за финансии.

Инаку се планира да се поттикне и издавање на општински обврзници во денари со кои општините би ги враќале своите долгови. Според информациите во наредниот период, Министерството за финансии, за да го финансира долгот ќе издава хартии од вредност но се повеќе во домашна валута. Се тврди дека е можно тие да бидат врзани со стапката на инфлација во земјата. 

„Со тоа, институционалните инвеститори ќе добијат нова инвестициска можност за заштита од ризиците, наместо постојните долгорочни државни обврзници со валутна клаузула. За поддршка и зголемување на привлечноста на емисиите во домашна валута, може да се предвиди повисок распон помеѓу каматните стапки на хартиите од вредност во домашна валута и со валутна клаузула со соодветна рочност на примарниот пазар. Се очекува дека ваквата определба за динамиката на валутната структура ќе овозможи деевроизација на домашниот јавен долг и ќе влијае стимулативно врз развојот на домашните финансиски пазари, велат од МФ.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје