13 Мај, 2024
0.0256

ЌЕ РИПНАТ И ЦЕНИТЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ УСЛУГИ: Институтот на сметководители и овластени сметководите бара усогласување на цените

Објавено во: Финансии, Македонија 24 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Разгледувајќи ги барањата од членовите и тековните економски движења во земјата и во секторот, управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) донесе одлука да им препорача на сметководствените друштва и самостојните сметководители да ги усогласат цените на услугите што ги даваат кон правните лица, како и на платите на своите вработени, со растот на индексот на трошоци на живот (инфлацијата) и растот на минималната и просечната плата во земјата.

Истовремено, раководниот тим на ИСОС одлучи, од средината на март, односно по завршување на поднесувањето на годишните завршни сметки, да спроведе сеопфатно анкетно истражување помеѓу професионалните сметководители во земјава. Сознанијата што ќе се добијат преку ова истражување, заедно со други релевантни податоци, ќе бидат искористени за да се направи детална анализа на состојбата со цените на сметководствените услуги на пазарот и на платите во овој сектор.

„Оваа анализа ќе биде добра основа за креирање на најсоодветни одржливи решенија и механизми за утврдување на препорачани цени на секоја посебна сметководствена услуга, водејќи сметка за нивото на нивна сложеност. Следниот чекор ќе биде да се пронајде најсоодветниот начин и форма за имплементација на ваквото решение, водејќи сметка за законските надлежности што ги има Институтот“, вели претседателката на ИСОС, Весна Прентоска. „Имајќи ја предвид големата одговорност што ја имаат професионалните сметководители во водењето и евиденцијата на сите финансиски текови, како и поставената цел за натамошно јакнење и унапредување на сметководствената професија во нашата земја, вклучувајќи ја потребата од целосно сузбивање на работењето во т.н. сива зона - појава која сѐ уште е присутна и нанесува штета на целата професија - ИСОС ќе направи сѐ што е потребно и што е во негова моќ да се креира и имплементира ефикасно решение кое ќе овозможи соодветно вреднување на вложениот труд и вредноста на сметководствените услуги во нашата земја“, децидна е претседателката на ИСОС.


Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени