ЌЕ ПРОТЕСТИРА И ЈАВНИОТ СЕКТОР: По Велигден КСС секој ден пред Собрание и пред Влада
Објавено во: Економија 19 Април, 2022 12:49
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) од 26 април секојдневно ќе излегува на протести доколку дотогаш Владата не ги исполни нивните барања за зголемување на бодот на 103 денари во бруто износ со што најниската плата во јавниот сектор би била околу 18.200 денари и би се задржал распонот меѓу останатите плати.
Најавите од синдикатот се дека ќе се протестира секој ден од 16 до 17 часот пред Собранието и пред Владата.
„Членството е крајно разочарано и се чувствуваат изманипулирани. Решението е многу едноставно, а тоа е членот 88 од Законот за административни службеници кој вели дека Владата го покачува бодот, рече претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес-конференција.
Според КСС, со овој проблем се засегнати околу 100 илјади работници во државата.
Ги повикаа пратениците да не го гласаат Законот за административни службеници, кој денеска е на дневен ред на 68. пленарна седница, затоа што сметаат дека се работи за манипулативен закон со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор за околу 100 до 200 денари. Секој пратеник што ќе го гласа законот, како што рекоа, ќе сметаат дека е против работниците.
За КСС, е неприфатлив предлогот на Сојузот на синдикати на Македонија за линеарно зголемување на сите плати за 2.806 денари во нето износ.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




