15 Декември, 2025
0.2387

Ќе продава ли државата запленет канабис за медицински цели или ќе го уништува?

Објавено во: Економија 19 Септември, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Државата има депониран запленет канабис за медицински цели со висока вредност од претходните акции што ги изведе против правните лица на кои им беа одземани лиценците по полициските акции, но неизвесно е дали ќе може да го продаде, односно да го наплати.

Лани на 15 декември од МВР беше објавено дека полицијата и надлежен обвинител, а по издадена наредба од гостиварскиот суд, била одземена марихуана во вкупна количина од 4.341 килограми, вредна над 10 милиони евра. Марихуаната била одземена по донесена одлука на Владата за одземање на одобрението за одгледување на канабис за медицински цели на правно лице поради констатирани неправилности во работењето. Од Агенцијата за управување со одземен имот единствено ни рекоа дека количината и по девет месеци се чува во касарната во Ѓорче Петров, без одговор каков би можел да биде понатамошниот исход.

„Агенцијата за управување со одземен имот на ден 15.12.2023 година има изготвено Записник за примо-предавање со ОВР Гостивар НК за КР Гостивар за следната привремено одземена стока и тоа: 10 (десет) семки од растение канабис, 1.930,145 килограми сув цвет исчистен, 1.975,213 килограми био маса и 436,160 килограми.неисчистен сув цвет од канабис. Запленетата стока е сместена во Касарна на ЕБР во Ѓорче Петров каде што и во овој момент се наоѓа. Воедно ве известуваме дека истата не била предмет на продажба од страна на Агенцијата за управување со одземен имот“, ни одговорија од агенцијата за конфискација.

Од Основното јавно обвинителство прецизираа дека количината не може да биде предмет на друго постапување се додека не заврши истражниот и судскиот процес, но без конкретен одговор што би се случувало кога тој ќе заврши.

„Предметот во Основното јавно обвинителство Гостивар, во рамките на кој е одземена наведената количина медицински канабис и дадена на чување на Агенцијата за управување со одземен имот, е во фаза на предистражна постапка во која деновиве треба да биде донесена јавнообвинителска одлука по завршување на предистражните дејствија. Постапката е во тек и од тие причини канабисот се уште се чува во Агенцијата“, ни рекоа од ОЈО.

Одговор нема ниту комисијата од Министерството за здравство за издавање на лиценци на правни лица за одгледување на канабис за медициснки цели. Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели инаку прави редовни и вонредни контроли во самите фабрики.

„Комисијата во МЗ е надлежна за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување канабис за медицински цели и не располага со информации за вашето прашање“, велат од оваа комисија.

Од МВР ни рекоа дека нивните надлежности завршуваат со самото завршување на акцијата, без да одлучуваат дали заплената ќе се уништува или ќе има друга судбина.

Владата во изминатите години издаде стотина лиценци на правни лица за одгледување на канабис, десетици во меѓувреме го загубија интересот за работење поради неисполнување на условите за извоз, а некои од нив се најдоа во судир со законот.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година