ЌЕ ПОМОГНАТ ЗА ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ И ЧАШКА: Кипар испраќа тим во Македонија
Објавено во: Македонија 07 Август, 2024 14:51
Уште една земја испраќа тим кој ќе помогне во борбата со пожарите. Република Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка.
Два авиони од типот „Air Tractor“ и вкупно девет лица членови на екипаж од Република Кипар попладнево ќе пристигнат во Скопје, во рамките на помошта за Северна Македонија од ЕУ механизмот за цивилна заштита, а од утре ќе учествуваат во гаснењето на пожарите во Свети Николе и Чашка, јави дописничката на МИА од Атина.
Тие во 10:15 часот утрово полетале од аеродромот во Пафос кон меѓународниот аеродром во Скопје. Планирана е попатна станица на аеродромот на грчкиот остров Родос за полнење гориво и според процените се очекува кај нас да слетаат околу 17 часот.
Планирано е кипарските авиони, во државава да останат пет дена. Повеќе европски земји ова лето помагаа во гаснењето пожари во Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




