ЌЕ ПОДНЕСЕ ЛИ ОСТАВКА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ - од Владата велат- се прават консулатции
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2019 12:28
Крајно разочаран од негативниот исход во врска со датумот на земјава, премиерот Зоран Заев доцна синоќа се вратил од Брисел.
Одредени медиуми јавуваат дека тој размислувал да си поднесе оставка, откако станува се поизвесно дека на Самиотот на лидерите на земјите на ЕУ нема да се испорача позитивна вест за земјава.
Од Владата за Фактор единствено потврдуваат дека во тек се консултации на различни нивоа.
„Премиерот е вратен, се прават консултации на различни нивоа во Владата“, е единствениот став што Фактор успеа да го добие од Владата.
По губењето на речиси сите надежи дека земјава ќе успее да издејствува датум за преговори од лидерите на земјите во Европската унија, очекувано е да се постави прашањето какви ќе бидат следните политички потези на премиерот Зоран Заев.
Тој во неколку наврати даде различни изјави во врска со тоа какви ќе бидат неговите натамошни чекори, од таа дека ако нема датум Владата ќе биде практично „мртва“, па до изјавата дека одговорност ќе мора да се понесе, но и дека за земјата не е добро да се одржат вонредни избори.
Фактор разговараше со неколку министри од Владата, дел од СДСМ, а дел од коалициониот партнер ДУИ. Тие ни изјавија дека, барем засега, не се повикани на консултации во Владата.
Одредени медиуми јавија дека консултации се вршат во владејачката партија СДСМ. Наводно, претставници на владејачката партија се противат на намерата тој да си замине од челното место во Владата, па се обидувале да го разубедат премиерот во ваквата намера. Некои извори тоа го протолкуваа како последен обид да се направи притисок врз европските лидери да се омекне тврдиот став за Македонија.
Но, партискиот портпарол Костадин Костадинов за Фактор изјави дека премиерот не е во СДСМ во моментов.
„Премиерот не е во партијата. Се вршат координации на повеќе нивоа. Во партијата има редовни партиски координации“, вели Костадинов за Фактор.
( Н.Н.Ф.)
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти
„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен
Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец
Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец
Мицкоски: Партнерстовто со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно
НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ
И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното
ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција
СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери





