04 Мај, 2024
0.0278

ЌЕ ОСТАНАТ НА МИНИМАЛЕЦ - владејачките функционери почнаа доброволно да се откажуваат од високите плати

Објавено во: Финансии 29 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Државните функционери од СДСМ и од другите партии од владејачката коалиција, како полека да се обединуваат контра одлуката на Уставниот суд. 

Почнувајќи од вчера јавно објавуваат дека и покрај одлуката на оваа висока судска институција, тие за април и за мај ќе се откажат од своите големи функционерски плати, и ќе го земат само „минималецот“ од 14.500 денари. 

Како што е познато, Владата донесе Уредба со која месечните примања на функционерите за април и мај ги ограничи на 14.500 денари, но неа вчера реши да ја преиспита Уставниот суд. Се додека тој не донесе конечна одлука, судиите, министрите, пратениците, директорите на институции и сите други функционери, ќе си ги земаат досегашните, сосема солидни плати.

Вчера на социјалните мрежи граѓани порачаа дека ако сакаат, функционерите можат доброволно да донираат дел од нивните повисоки плати. 

Прв нога повлече скопскиот градски татко, Петре Шилегов уште вчера доцна вечерта. 

„Без оглед на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид 19. Живееме во време во кое секој од нас, треба да покаже барем малку солидарност и колективна одговорност. Државните функционери (секој од нас поединечно) треба да предначат во тоа чувство на одговорност“, напиша Шилегов вчера вечерта на својот фејсбук профил.

Денеска и генералниот директор на АДСДП, Кристијан Трајковски, соопшти дека останува на минималната плата.

„Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје, Кристијан Трајковски, одлучи неговата плата да остане 14.500 денари, а остатокот да го уплати во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид-19. 

„Солидарноста, човечноста и хуманоста, но пред се чувството за одговорност, во овој период ни се потребни повеќе од кога било досега“, вели Трајковски.

Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, исто така се огласи дека останува на минималната плата.

„Одлуките на судовите ги почитувам, но дадениот збор го почитувам уште повеќе. А, јавно покренав иницијатива уште на 20 март со која својата плата ја ставам на располагање за формирање на Солидарен фонд кој ќе има за цел да им помогне на вработените во домашните фирми, пред се микро и мали, за да ги ублажат последиците од оваа криза. Затоа, ќе си стојам на зборот и разликата од минималната до полна плата ќе ја уплатам веднаш. Солидарноста не може и не треба да чека кој ќе биде прв - апелирам секој од нас да даде конкретен пример!“, објави преку фејсбук првиот човек на ФИТР, Јован Деспотовски.

Од својата функционерска плата ќе се откаже и првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

„Како претседател на Регулаторната комисија за енергетика ќе се откажам од мојата плата и ќе земам минимална плата од 14.500 денари. Тоа го сметам за акт на солидарност. Парите ќе ги уплатам во Фондот за борба против коронавирусот“, ни изјави претседателот на РКЕ, Бислимовски.

А вчера, покрај скопскиот градски татко, и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, објави дека ќе се солидаризира.

„Јавно ја поздравив одлуката за солидаризирање, хуманост и поддршка на институциите во борбата со корона вирусот. Останувам на ставот дека јас како избрано лице треба да добијам минимална плата, а останатиот дел ќе го донирам во фондот за борба против Ковид-19, без разлика на тоа каква ќе биде одлуката на Уставниот суд. Ова е борба на целото човештво против оваа пандемија, затоа нема место за калкулации, потребна е заедничка акција, да помогнеме, да дадеме свој придонес, да се солидаризираме“, напиша Бочварски.

И Коста Начевски, директор на ЈП Дрисла, не сака во време на криза да ја зема големата плата.

„Без оглед на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид 19. Живееме во време во кое секој од нас, треба да покаже барем малку солидарност и колективна одговорност. Државните функционери (секој од нас поединечно) треба да предначат во тоа чувство на одговорност“, напиша Начевски.

Во вакви услови се поставува прашањето, дали овие навистина хумани чекори на функционерите од владејачката коалиција на СДСМ, можеби не се и еден вид владина или партиска добронамерна сугестија, со цел да се придобијат симпатиите во јавноста за моралниот кредибилитет на функционерите, наспроти критикуваната Одлука во јавноста на Уставниот суд.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, на денешната пресконференција рече дека сега ќе треба од друго место да се најдат, односно од буџетот да се пренаменат тие 4 милиони евра што беа заштедени на расходната страна со кратењето на функционерските плати.

Таа смета дека уште на стартот, требало да бидат солидарно намалени сите плати на вработените во јавниот сектор. „Јас го кажав моето мислење како министер за финансии и како човек дека сите треба да понесеме солидарен дел од товарот. Тоа значи дека сметам дека треба и администрацијата да понесе дел од товарот кој го носи и приватниот сектор и вработените во приватните компании, а кои всушност го полнат буџетот“, рече Ангеловска.

За одлуката на Уставниот суд рече дека не би ја коментирала.

„Јас не би ја коментирала конкретно Одлуката на Уставниот суд. Но, очекуваме дека сите ќе бидат солидарни, и никој нема да остане над некој и никој нема да остане недопрен во оваа криза. Многу е важно тоа да го покажеме и преку своите акции и дела. Јас пред еден месец соопштив дека додека трае кризата се откажувам од платата како еден мал гест дека во овој период сите треба да покажеме солидарност. Требаше околу 4 милиони евра да се заштедат со таа мерка. Сега таа Уредба се укинува, а практично се имплементирани тие 240 милиони денари со направена прераспределба, за што секако дека ќе треба да направиме дополнителна промена, прераспределба, доколку ова остане вака, односно доколку останат нескратени палтте на расходната страна“, рече министерката Ангеловска. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот