ЌЕ ЈА БРАНИ ТАТКОВИНАТА: Единствениот син на ерменскиот премиер оди во војна
Објавено во: Свет 01 Октомври, 2020 21:11
Синот на ерменскиот премиер оди во војна во областа Нагорно Карабах.
Петти ден таму има судири до силите на Азербејџан.
Сопругата на премиерот Ана Хакобиан вели дека нема ништо посвето од тоа да се даде животот за татковината.
Тоа го кажала во разговор со жените пратенички од Нагорно-Карабах, каде била на 27-ми септември.
Хакобиан ги повикала сите мајки и жени, ќерки и сестри да бидат силни и да не се плашат од ништо, објави „Sputnik".
Пред патот во Карабах, сопругот Никол Пашинјан и кажал дека нивниот единствен син Ашот оди во Карабах, затоа што е резервист. Ашот ги подготвил документите, а неговата мајка не го сопрела.
„Му кажав: „Да сине, облечи униформа и оди. Јас те обожавам, но нема ништо поплеменито од тоа да се даде животот за татковината". Не знаев каква ќе биде ситуацијата таму, дали ќе може да се слушнеме. Тој отиде ден подоцна, но јас и натаму стојам зад своите зборови", напишала Хакобиан на Фејсбук.
Министерството за одбрана на Азербејџан на 27-ми септември соопштило дека вооружените сили на Ерменија гарантирале места на линијата на разграничување во Карабах и дека меѓу жртвите има цивили и војници.
Според Министерството за одбрана на Ерменија, Карабах бил под воздушни и ракетни напади.
Ереван тврди дека Баку започнал офанзива во насока на Карабах.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




