13 Мај, 2024
0.1336

Ќе избега ли Погба од притисокот на 105-те милиони евра?

Објавено во: Спорт 07 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Едвај има човек кој не го знае неговото име, откако летоска го собори светскиот рекорд со трансфер во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра. Тој е Пол Погба - ѕвездата на „црвените ѓаволи“ и Франција, човекот кој треба да го наследи Зинедин Зидан.

Уште од самиот влез на Пол Погба во големиот фудбал над него надвиснаа огромни очекувања не само поради споредбата со Зизу. Оние приврзаници со подобра меморија во неговата татковина пак дури велат дека еден ден Пол може да го надмине Мишел Платини. Фудбалските експерти, меѓутоа, сметаат дека најголемиот проблем на Погба е дека сеуште не се знае каде е најкорисен.

На 23 години халфот извршува најразлични улоги - еден натпревар е пред дефанзивците, каде помага со огромниот раст и физичката моќ, потоа е поставен на крило каде поминува со големиот чекор и тешко може да биде сопрен, а потоа го ставаат во класичната улога на бр.10. „Тој е толку талентиран, што понекогаш тоа му штети. Не можеш да бидеш сѐ, иако Пол го може тоа и го сака“, пишува за него „Екип“ пред неколку години.

Евро 2016 е вистинскиот показател дека Погба не може да го носи на грб целиот тим. Тој е многу силен фудбалер, но треба да ја впрегне оваа сила во името на тимот, а не за да се истакне тој. Погба премина многу мал во школата на Манчестер Јунајтед и таму брзо се издвои, дебитираше за првиот тим уште во тинејџерска возраст. Интересно е дека уште тогаш бил подготвен за својата иднина на професионалец, откако уште на 16 години си ангажира личен нутриционист, кој го следи она што го јаде.

По негова препорака не пие ништо друго освен минерална вода и задолжително спие по минимум 8 часа на ден. Трансферот во Јувентус е друг многу важен чекор во неговата кариера, како италијанското првенство му одговара. Таму брзо се спријателува со Андреа Пирло, кој го зема под своја закрила и вели: „Тоа момче има одлична иднина“. Покрај Пирло, Погба многу брзо расте и станува главна фигура во составот. Импресионирани од одличните квалитети, во Торино му го лепат прекарот октопод. Само со уникатнот долгите екстремитети Погба успева да ја земе секоја топка околу полето на сопствениот тим.

Силните игри логично доведоа до повторен интерес на Манчестер Јунајтед. Екипата која му даде пат во големиот фудбал, си го прибра за многу висока цена - 105 милиони евра, а со тоа му закачи и етикета, која тежи многу. Сега сите во Франција се прашуваат дали тој ќе се спаси од „етикетата“ на вечен талент, или ќе се качи на следното ниво.