26 Април, 2024
0.0282

Ќе има отпуштања, некои работат во четири смени, некаде работата не смее да прекине: Фактор дознава кои се клучните забелешки за „недела неработен ден“

Објавено во: Економија 08 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Воведување на целосна забрана за работа во недела со исклучок на дејностите кои се поименично наведени, не оди во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците, ниту на македонската економија како целина, и ќе предизвика сериозни негативни импликации, смета бизнис заедницата. Стопанствениците имаат бројни забелешки на драфт верзијата на Законот за изменување и дополнување на Законот на работни односи за кој работеше Министерството за труд и социјална политика. Таа верзија се уште не готова и допрва ќе се дебатира со бизнисот и со синдикатите. Една таква средба е закажана веќе денеска во Стопанската комора. Фактор дознава дел од забелешките на стопанствениците.

Клучните забелешки според нашите информации се за преработувачката индустрија, за градежништвото, но и за некои производствени дејности особено тие кои работат во смени. Бизнисмените тврдат дека решение во кое сторго се одредува недела да биде неработен ден освен за неко дејности кои наведуваат поименично може да доведе до намалување на бројот на вработени што би било погубно за домашното стопанство.

Забелешката која се однесува за преработувчката индустрија е во однос на тоа што во неа секое прекинување на процесот кој нужно не смее да биде прекинат може да значи нови загуби и трошоци. 

За компаниите кои процесот на работа го организираат во смени - најчесто според системот на турнуси, со четири бригади кои наизменично работат во смени, па имаат два дена слободни, според бизнисмените неприфатливо и неприменливо е решението да се исплатува посебен додаток на плата за работата во недела. За овие работници, загарантирано е правото на неделен одмор, во други денови од неделата, и неоправдано е да се прави разграничување помеѓу работниците на кои на ротациска основа наизменично ќе им бидат денови на неделен одмор понеделник и вторник, и работниците на кои денови на неделен одмор им биле сабота и недела.

Стопанството смета дека ваков пример нема ниту во една држава од регионот односно таму нема стриктно ограничување, затоа се тврди дека ова може да влијае на конкурентноста на Македонија и од аспект на привлекување на инвестиции. 

Инаку се предлага неделата да не биде задолжително неработен ден во градежништвото затоа што во оваа индустрија не се трпат ограничувања и пролонгирања. Таков третман треба да добијат, како што се бара, а дознава Фактор и автомобилските компании во кои е организирано работење практично во четири смени, со дополнителен слободен ден што вака би било нарушено.

Инаку денеска за предложеното решение се разговара во Стопанската комора. Во најавата стои дека ограничувањето на можноста за работа во недела, или наметнувањето на дополнителни трошоци за компаниите кај кои работењето во недела е дел од редовниот работен процес,  покренува повеќе прашања за ефектите од ова решение – како ќе се одрази на продуктивноста и конкурентноста на компаниите, дали производствените процеси се од таков карактер што може да се запрат без последици и по кои параметри тоа ќе се проценува, но и дали предложените решенија може да предизвикаат странските инвеститори да ја преиспитуваат РСМ како дестинација, туристите да ја избегнуваат државата како туристичка дестинација, а домашните потрошувачи да се насочат кон соседните пазари. 

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, неодамна изјави дека Законот за работни односи со кои ќе биде забрането работењето во недела за повеќето дејности нема да се донесе додека трае пандемијата.

„Три месеци дебатиравме досега за овој предлог-закон, а планираме да дебатираме уште три месеци пред да аплицираме во Собранието. Ние во овој период додека трае епидемијата не сакаме финансиски да им наштетиме на работодавачите, рече Битиќи.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката