19 Мај, 2024
0.0291

ЌЕ ИМА ЛИ ВАКЦИНИ ЗА СИТЕ, ИЛИ НЕКОИ ЌЕ БИДАТ ВРАТЕНИ - илјадници Македонци отидоа во Србија

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Огромен број Македонци утрово заминаа во Србија, дел за првична вакцинација, а дел за ревакцинација со вакцината на АстраЗенека, од која првата доза ја примија пред три месеци. 

Како што веќе пишуваше Фактор, утрово за влез во Србија на граничниот премин Табановце се чекаше и по два часа.

Потоа метежот малку се намалил, но се уште има колони. 

Денеска во земјава е слободен ден поради празникот Задушница, па многумина поитаа да го искористат слободниот ден за да се вакцинираат.

За ТВ Телма од здравствениот дом во Врање изјавиле дек имаат планирано одреден број вакцини, колку што можеле да обезбедат. 

„Па така, луѓето можат да дојдат, но постои можност и да се вратат, бидејќи имаме ограничен број на слобони вакцини. Нема закажување, нема пријавување, доаѓаат луѓето и кој како доаѓа на ред, тој се вакцинира и тоа е тоа. Но, до онаа бројка до која имаме вакцини, а вакцините се Фајзер и кинеска“, изјавиле од Здравствениот дом Врање за Телма. 

Од Здравствениот дом Ниш, пак, рекле дека за време на викендот е планирана ревакцинација, па очекуваат гужва. 

„Се очекува околу 6.000 луѓе да поминат низ здравствениот систем на Ниш“, изјавија од тамошниот здравствениот систем. Денеска таму немало ревакцинација, но се врши вакцинација. Велат дека понекогаш таму има голем број луѓе, но некогаш нема метеж. Денеска нема метеж, изјавиле од Здравствениот дом. 

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево