ЌЕ ИМА ЛИ ДОГОВОР: Задутре нови преговори за Законот за јавно обвинителство
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2019
Работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈО в сабота на нова рунда преговори за Законот за јавно обвинителство. Минатата недела и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ разменија предлози за идното законското решение.
Дали ќе се формира посебно обвинителство за висока корупција или постојното ќе ги преземе надлежностите на СЈО ќе се знае во сабота.
Ова ќе биде прв состанок на работните групи откако пропадна лидерската средба.