14 Декември, 2025
0.0424

ЌЕ ИМА ИЛИ НЕ ХЕМИСКИ ФАБРИКИ ВО ЃОРЧЕ?„Арсовска како да е фиксирана за општината Ѓорче Петров“

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2025 07:10

Добивај вести на Viber

Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, беше гостин во емисијата ,,За или против на телевизија Алфа“. Тој ги демантираше ставовите на градоначалничката на Град Скопје за наводна изградба на хемиска фабрика на територија на општина Ѓорче Петров, дополнително и ја објасни реалната  слика на јавноста. Стојкоски додаде дека ова се обиди на  градоначалничката на Град Скопје да создаде хаос меѓу граѓаните.

,,Жалам што сме сведоци на една таква ситуација. Како да е фиксирана за општината Ѓорче Петров, за разлика од некои соседни општини, каде што ни око не фрла, ниту па да најде забелешка. Работи, инвестира на други места додека пак во Ѓорче Петров не работи ништо“, вели Стојкоски.

Тој ја  коментираше актуелната ситуација  со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во контекст на шпекулациите на Арсовска за градење хемиски фабрики на територија на општина Ѓорче Петров, и дополни дека таа се обидува да создаде несигурност меѓу граѓаните.

,,Тоа што се повикува на изградба на некакви си хемиски фабрики, со тоа што сака да создаде чувство на несигурност во јавноста, сака да создаде чувство на паника помеѓу луѓето. Најодговорно тврдам пред целата македонска јавност дека на тој потег, ниту пак на било кој друг дел на територијата на општина Ѓорче Петров не постои локација на која што е предвидено или ќе се градат било каков тип на објекти од тешка индустрија“, кажа Стојкоски.

Стојкоски објасни дека според Законот за урбанистичко и просторно планирање таква класификација на хемиска фабрика не постои, а тоа треба да го знае Арсовска како градоначалник на главниот град во земјава.

,,Во планот СЗ 16 е план кој што спаѓа и е утврден согласно генералниот урбанистички план на Град Скопје и самото  согласно со тоа не може да има било какви услови за изградба на хемиски или тешка индустрија или било што. На локацијата на која што се осврнува градоначалничката има една маркица, која што е намена Г2 а тоа е лесна и незагадувачка индустрија. И тоа треба да биде јасно  на јавноста“, објасни Стојкоски.

Стојкоски напомена дека станува збор за веќе постоечки објект кој е на територија на општина Ѓорче Петров повеќе од 60-70 години, а и ги исполнува најстрогите еколошки нормативи и дополни: ,,Она што знам дека го направи за Ѓорче Петров во последните години, направи ненадоместлива штета која штета која што ние како општина во дел ја компензираме во делот на нефункционирањето на комунална хигиена, паркови и зеленило, водовод, и канализација на територијата на нашата општина“.


Можеби ќе ве интересира

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Во Кочани одржан 33. Марш за ангелите

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“

ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“