05 Декември, 2025
0.0392

ЌЕ ИМ СЕ НАМАЛАТ ЛИ ПЛАТИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ПОРАДИ КРИЗАТА - Манчевски и синдикатот велат: рано е

Објавено во: Македонија 19 Март, 2020 11:55

Добивај вести на Viber

Откако Владата вчера излезе со првиот сет економски мерки за помош на бизнисот полесно да ја преброди крзата предизвикана од коронавирусот, се појавија и првите критики за мерките, за кои генерално, се смета дека не се доволни.

Покрај забелешките, се слушнаа и предлози како Владата може да му помогне на стопанството, но и да се солидаризира со него во вакви тешки моменти. 

Еден од предлозите беше да се намали платата на администрацијата за 10 проценти. Така, сметаат познавачите, не само што ќе се ослободат буџетски средства за борба со кризата, туку и ќе се покаже солидарност со компаниите кои книжат страшни загуби, а ќе бидат принудени и да ги намалуваат платите, но и да отпуштаат работници.

Фактор го праша министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски дали Владата би прифатила една ваква мерка.

Тој вели дека засега е рано за тоа да се размислува, но доколку се јави потреба, можно е власта да се одлучи и на таков чекор.

„Рано е да се зборува за таков тип на мерки. Ние како Влада веќе го донесовме првиот сет на економски мерки. Треба да видиме како во наредиот период ќе функционираат овие мерки и кои ќе бидат ефектите од нив. Апсолутно ќе следуваат и други мерки во следниот период. И секако дека, доколку се покаже потреба, може да биде земена предвид и оваа мерка“, вели за Фактор министерот Манчевски.

И од Синдикатот на администрацијата и судските работници, УПОЗ, сметаат дека е рано за вакви мерки.

„Како синдикат сметаме дека такви мерки, прво, е рано да се преземат, бидејќи не знаеме до кога ќе трае вонредната состојба, со оглед што според Уставот, таа е ограничена на 30 дена. Исто така, досега, ниту една институција, односно МИОА, не излегла со известување дека администрацијата ги прекинува работните обврски, или ќе работи од дома. Сите институции во администрацијата редовно си ги извршуваат своите работни задачи, шалтерите се уште работат иако се најпогодени и најизложени на ризици, а судовите до вчера одржуваа судски рочишта. Значи, во овој момент не гледаме сошто би биле намалени платите на администрацијата“, вели за Фактор Трпе Деаноски, генерален секретар на УПОЗ.

Тој објаснува дека за таква мерка би можело да се размислува ако дојде во ситуација работниците од приватниот сектор да ги губат своите работни места или драстично да им се намлуваат платите.

„Нашите плати во администрацијата се пониски од оние во приватниот сектор. А дури 80 отсто од администртивните работници, имаат плати кои се пониски од просекот во државата“, вели Деаноски.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип