26 Април, 2024
0.0410

ЌЕ БРИШАТ КАМАТИ НА ДОЛГОВИ НА ГРАЃАНИТЕ, А САМИТЕ СЕ ЗАГЛАВЕНИ „ДО ГУША“ - еве колку борчат јавните претпријатија

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Во време кога премиерот Зоран Заев ги објави новите мерки од петтиот пакет за помош на економијата, станува јасно дека една од клучните ќе биде бришење на каматите на долговите што граѓаните ги имаат кон јавните претпријатија. Со оваа мерка не се опфатени каматите на долговите кон приватните компании кои даваат јавни услуги. Сепак, премиерот Зоран Заев ги повика и нив, доколку се во можност, да се приклучат кон оваа акција.

Инаку, оваа мерка предвидува, преку законски измени, јавните комунални претпријатија, јавните претпријатија на државно ниво, Управата за јавни приходи, како и други јавни институции, како и општините, да ги избришат целосно каматите на долговите на граѓаните. Тоа се однесува за сите физички лица во земјава. Главнината, пак, која ја должат повеќе од три месеци, граѓаните ќе можат да ја плаќаат на 12 рати. Мерката за репрограмирањето ќе се направи преку објава на јавен повик во траење од пет месеци, период во кој граѓаните ќе можат да го побараат тоа.

Со цел оваа мерка да се спроведе, ќе мора да се интервенира во Законот за трговски друштва, со што сите оние институции и претпријатија кои ќе ја избришат каматата, нема да плаќаат данок на добивка на избришаните камати.

А токму овие јавни претпријатија, без разлика дали се на локално или на државно ниво, пак, должат големи суми пари на други должници, било на приватни компании или лица, или на некои јавни институции. Фактор прави анализа на државните должници според последните податоци објавени од Министерството за финансии, а кои се однесуваат заклучно со крајот на минатата година.

Меѓу нив има и многу јавни претпријатија кои им даваат комунални услуги на граѓаните, а кои сега ќе треба да ги избришат каматите од граѓанските долгови и така дополнително да им се намали на дел од приходите.

МЖ Транспорт и натаму е на лидерското неславно место според долговите што ги има ова акционерско друштво во државна сопственост. Неговииот долг заклучно со декември лани е 58,4 милиони евра, што е за само два милиони евра помалку во однос на три месеци претходно, одмносно крајот на септември.

На втората несклавна позиција повторно се најде Македонски енергетски ресурси, акционерско друштво које го гради и стопанисува со националниот гасовод. Нивниот долг заклучно со 2020 година дошол до ниво од 25,3 милиони евра, што значи дека задолженоста на ова акционерско друштво за само три месеци пораснала за 3,6 милиони евра.

Уште едно јавно претпријатие од железничкиот транспорт, МЖ Инфраструктура, овој пат е трето според висината на борчот кон доверителите. Станува збор за ЈП МЖ Инфраструктура, чии долг сега е 14,2 милиони евра, што покажува пораст од безмалку два милиони евра во однос на три месеци претходно.  

На некои општини никако да им тргне да се раздолжат. Тетово е една од локалните самоуправи која според висинта на долгот, постојано е на листата на првите десет должници. Крајот на ланската година оваа општина ја завршила со долг од 9,8 милиони евра, или 400 илјади евра повеќе од претходниот квартал.

Јавното претпријатие Колекторски систем Скопје овој пат е на петта позиција. На доверителите им должи вкупно 9,4 милиони евра, што за воља на вистината, е дури за 4 милиони евра помалку во однос на претходниот квартал, што секако е намалување на нивото на долгот кое е за поздравување.

Уште едно Јавно претпрјатие, Водовод Куманово, сега е на шестото место, според неговата најнова висина на долгот, која изнесува точно 8 милиони евра. Ова ЈП било на истото место на листата на должници, но имало и иста висина на долгот, како и три месеци претходно.

Следуваат општина Охрид со долг од околу седум милиони евра, како и ЈП МРТ Скопје чии долг тежи шест милиони евра. На деветтото место овој пат се најде ЈП Водовод и канализација Скопје, со долг од 5,2 милиони евра, и десетта по долг е општина Карпош, со долг од пет милиони евра.

Следуваат уште бројни државни борчлии, на пример ЈП Чистота и зеленило Куманово, ЈКП Тетево, ЈП Комуналец Тетови, и бројни други општински или држвни ЈП, со доспеани, а неплатени обврски кон доверителите. 

Или, вкупно се 891 државна и јавна институција, чии вкупен долг е 290 милиони евра. Ако може да се смета за успех, три месеци претходно вкупниот долг на борчлиите изнесувал 307 милиони евра, што значи дека на крајот на минатата година долгот се намалил за 17 милиони евра.

Најмногу должат јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, со долг од 121 милиони евра, што е раст на долгот за два милиони евра. Општинските јавни претпријатија, пак, имаат вкупна задолженост од 48 милиони евра, што значи дека нивниот долг паднал за над шест милиони евра.

Јавните здравствени установи, кои сега ја водат една од најтешките битки со пандемијата од ковид 19, имаат долг од 45 милиони евра, што е намалување за три милиони евра.

Додека, пак, нешто помал е износот на долг кај буџетските корисници од прва линија, поточно ресорните минитерства, со нешто повеќе од осум милиони евра, или пет милиони евра помалку од претходно. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9