КИРИИ ВО ГЕРМАНИЈА: Колку плаќаат германските граѓани, а колку странците?
Објавено во: Економија 24 Мај, 2025 07:52
На германскиот пазар на домување, странците во просек плаќаат повисока кирија од германските граѓани. Во 2022 година, тие платиле 7,75 евра кирија по квадратен метар, што е за 9,5 проценти повеќе отколку што плаќаат Германците, според Федералниот завод за статистика.
Делумно, разликата може да се објасни со фактот дека германските станари живеат во просечно поголеми станови, кои се издаваат под кирија по поповолни цени по квадратен метар.
Според резултатите од пописот од 2022 година, на кои се повикува институтот, странците изнајмуваат станови почесто од германското население, но помалку ги користат предностите на старите договори за изнајмување, пренесува ДПА.
Дури и кога станува збор за станари кои живеат во стан повеќе од 20 години, тие сепак плаќаат 9,1 процент повеќе од Германците.
Разликата е седум проценти за период на закуп помеѓу 10 и 15 години, додека се намалува на 3,5 проценти за договори пократки од една година.
Во средните градови со 50.000 до 100.000 жители, разликата била најмала, 6,6 проценти, додека странците во малите општини со помалку од 10.000 жители морале да платат 10,6 проценти повеќе.foto Shutterstock/Motortion Films
Можеби ќе ве интересира
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото




