Кирацовски: Со правдата ќе исчезне и потребата од политичари како Апасиев
Објавено во: Македонија 12 Август, 2020 11:04
Александар Кирацовски, поранешниот пратеник и генерален секретар на СДСМ, по подолго време се огласи на социјалните мрежи со коментар дека влијанието на Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев ќе опадне откако, како што вели тој, новата власт ќе започне со спроведување на правдата. Според него, Апасиев станал популарен особено кај младите, затоа што не се исполниле нивните очекувања за санкционирање на криминалот.
„Не судете го пратеникот од Левица. Начинот на кој тој пишува и зборува, кажува за него. Но, тоа што тој е присутен во Собранието, зборува за нас... Апасиев е молотовиот коктел што скоро 40 илјади сограѓани го фрлија врз македонскиот Парламент, за да не опаметат!
Повеќето од нив се млади луѓе, поборници за праведна држава, а ние со нашето (не)постапување по многу битни општествени прашања, им ги обезбедивме "шишето, бензинот и крпчето! Нивна беше само искрата која го разгори поривот за фер општество!
Првиот момент кога ќе обезбедиме правда, во што сум убеден, кога криминалците (особено од претходната власт) ќе одговараат, а корупцијата ќе биде сведена на нула, ќе исчезни и потребата од овој тип политичари!“, напиша
Апасиев во изминатиот период ја зголеми својата популарност со своите коментари откако стана пратеник по одржаните предвремени парламентарни избори, а јавноста смета дека резултатите кои ги оствари Левица се резултат на „народното незадоволство“ од неисполнувањето на очекувањата во изминатите децении.Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




