19 Декември, 2025
0.0577

Кирацовски: Обвинителството да го повика секој кој има фотографија со Јанева

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2019 11:57

Добивај вести на Viber

Александар Кирацовски, пратеникот на СДСМ, го повика обвинителството, кое води истрага за случајот „Рекет“, да го повика секој на распит од кого е објавена фотографија со специјалната обвинителка Катица Јанева.

Поранешниот генерален секретар на владеачката партија смета дека на тој начин ќе се неутрализираат сите шпекулации и лажни вести, односно гласини кои поттикнуваат сомнеж во евентуална пасивност во истрагата.

„Очигледно, истрагата околу случајот „Рекет“ се одвива длабински, сеопфатно и транспарентно. Овој процес ќе ја потврди вистината и ќе ја сузбие лагата и шпекулациите. Криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата, одговарајќи за стореното. Но, кон овој случај, неопходно е Обвинителството да пристапи и низ општественото огледало кое претежно го креираат политичките напади и инсинуации, лажните вести и конструкциите. Не смее да остави дамка врз процесот оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети. Пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој, кој има макар и една слика со било кој од обвинетите, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста“, напиша Кирацовски на својот профил на Фејсбук.

И самиот вели дека таквата политика на работа изгледа непотребно, но ќе даде позитивен ефект, како што вели тој, на страната на вистината.

„Можеби е илузорно и непотребно, но ќе го намали просторот за инсинуации и неосновани сомнежи. Тоа доаѓа како „стружење на кариес од заб“, бегла црна точка која доколку не се санира навреме, прави штета по време. Во секој случај, овој скандал е доказ дека правната држава функционира и е шанса преку истиот да се врати довербата во институциите и правосудниот систем“, смета тој.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот