27 Април, 2024
0.0268

Кинези ќе прават чуда со водите на Вардар!

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Министерството за економија склучи договор со кинеската фирма за планирање на водени ресурси „China Water Resources Pearl River Planning Surveying & Designing“ за изработка на пред физибилити студија за повеќенаменско искористување на реката Вардар. Вредноста на склучениот договор изнесува 76 илјади евра, бидејќи се работи само за предфизибилити студија, од која подоцна ќе треба да се изработи студијата за повеќенаменско искористување на водите на Вардар. Искористувањето на Вардар преку изградба на сет хидроцентрали е стара идеја. Проектот Вардарска долина предвидуваше изградба на 12 хидроцентрали, но поради обемноста и скапата изведба, подоцна Владата ја напушти идејата за изградба на толку многу  енергетски објекти. Целиот проект требаше да чини 1, 5 милијарди евра. Минатата година, пред изборите, дури се потпиша и меморандум со кинеската компанија CWE која требаше да изработи физибилити-студија за хидроенергетското ползување на Вардар, која треба да покаже колку од водата ќе биде за производство на електрична енергија, а колку за наводнување и за пиење. Сепак, од тоа ништо не бидна, а тендерот за предфизибилити студијата, беше објавен пред 6 месеци. „China Water Resources Pearl River Planning Surveying & Designing“ сега ќе има задача да ја осмисли првичната верзија на проектот.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра