КИНЕСКИТЕ ГИГАНТИ „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ ПОТВРДИЈА: еве од кој датум ќе пораснат цените на производите
Објавено во: Економија 19 Април, 2025 10:09
Кинеските брендови на онлајн продавници „Temu“ и „SHEIN“ потврдија дека од 25 април ќе ги зголемат цените на производите по тарифите воведени од Соединетите Американски Држави.
Двете компании ги повикаа потрошувачите дотогаш да ја искористат можноста да купуваат по тековни цени, пренесува Ројтерс.
- Поради неодамнешните промени во правилата и тарифите во глобалната трговија, нашите оперативни трошоци се зголемија. За да продолжиме да ги нудиме производите што ги сакате без компромис за квалитетот, ќе бидеме принудени да ги прилагодиме цените од 25 април - се вели во соопштението на кинеските компании.
Нивниот бизнис модел е под закана по неодамнешната наредба потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп за затворање на „трговската дупка“ што дозволуваше пакетите поевтини од 800 долари да влезат во САД без царина од Кина и Хонг Конг.
Фото: Принтскрин/Х
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




