20 Април, 2024
0.0260

КИНЕСКАТА ЈАНФЕНГ ВЛЕГУВА ВО МАКЕДОНИЈА, ВО ЗАЕДНИЧКА ИНВЕСТИЦИЈА СО АРЦ АУТОМОТИВ - новата компанија е веќе регистрирана, ова се деталите

Објавено во: Економија 05 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Голема кинеска компанија од сејфти индустријата за автомобили влегува во земјава. Нејзиното вложување овде ќе биде како заедничка инвестиција односно joint venture со постоечката компанија со американско потекло АРЦ Аутомотиве, која уште од 2015 година работи во земјава, во технолошко индустриската зона Бунарџик.

Новата компанија преку која ќе оди заедничката инвестиција се регистрираше преку Централниот регистар во земјава. Според податоците од Регистарот, новата компанија која беше основана завчера, ќе се вика ЈФА Аутомотив Сејфти Северна Македонија. Нејзиното времетраење е ограничено на 20 години, а формирана е како друштво со ограничена одговорност, со почетен влог од 5.000 евра.

Сопственици на новата компанија се кинеската Јангфенг Интернатионал Аутомотиве, заедно со АРЦ Аутомотиве.

Кинеската Јанфенг е приличлно голема компанија која работи на светскиот пазар во сејфти индустријата, која покрај ова, работи и на седишта и на внатрешен ентериер на автомобилите. Нејзиниот годишен обрт се проценува на сума меѓу 13 до 15 милијарди долари годишно.

Компанијата АРЦ Аутомотиве, пак, е американска инвестиција, овде постои од 2015 година и во моментов има околу 400 вработени. Таа веќе четири години по ред влегува во рангот на 200-те најголеми и најуспешни компании во Македонија. Инаку, АРЦ Аутомотив произведува инфлатори за воздушни перничиња, и според обемот, производството изнесува 3 милиони инфлатори годишно. Нејзините производи се вградуваат во возилата на најголемите производители на автомобили, како што се Групацијата „Фолксваген“, БМВ и Фиат.

И новата компанија што ќе биде заедничка инвестиција ќе се занимава токму со производство на инфлатори за воздушни перничиња. Од податоците на Централниот регистар може и да се види дека како основна дејност на компанијата е наведено токму производство на други делови и дополнителен прибор на моторни возила.

Управители на новата компанија ќе бидат Светислав Смилков, сегашен прв човен на АРЦ Аутомотиве, како и Хуа Хуанг со потекло од кинескиот град Шангај.

Нашите сознанија говорат дека новата компанија ќе изгради нов погон во Бунарџик, кој ќе биде веднаш до сегашната фабрика на АРЦ Аутомотиве. Една од причините за тоа е да се искористат ресурсите со кои располага постоечката АРЦ Аутомотиве кои би биле логистика и за новата компанија, како што е кантината за вработените, паркиралиштето и слично.

Засега не се објавува сумата на инвестицијата ниту датумот кога би почнала изградбата на новата фабрика, а како што дознаваме, многу повеќе информации ќе има после 10 август, кога двете страни би разговарале за инвестицискиот план на компанијата за наредните пет години. Засега се уште не е склучен договор ниту со Владата, ниту со Дирекзијата за ТИРЗ, а откако ќе се утврдат сите детали, ќе се објават и повеќе податоци за новата инвестиција, како и за очекуваниот број на нови вработувања. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Фото: ЕПА / ARMANDO BABANI

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите