14 Декември, 2025
0.3948

KИНА ПРОГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА НА ТАЈВАН: Објавен е документ за мирно обединување

Објавено во: Свет 11 Август, 2022 10:57

Добивај вести на Viber

Војската на Кина успешно заврши различни воени задачи околу Тајван по речиси една недела, но ќе спроведува редовни патроли и ќе продолжи со воената обука за да се постигне борбена готовност.

Кина, која започна масовни маневри по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, вчера објави Бела книга со наслов „Прашањето на Тајван и повторното обединување на Кина во новата ера“ со порака дека мирното обединување и принципот „една земја, два системи“ се основни за решавање на тајванското прашање.

- Ќе работиме со најголема искреност и ќе вложиме максимални напори за да постигнеме мирно обединување. Но, ние нема да се откажеме од употребата на сила и ја задржуваме можноста да ги преземеме сите неопходни мерки, да се заштитиме од надворешно мешање и секакви сепаратистички активности. Во никој случај тоа не ги таргетира нашите сонародници во Тајван. Употребата на сила би била последното средство - се вели во Белата книга.

Се нагласува дека Резолуцијата 2758 на Генералното собрание на ОН е политички документ кој го вклучува принципот на една Кина. Според овој документ, дејствијата на владата на Демократската напредна партија во Тајпеј доведоа до тензија во односите на „двете страни на Тајванскиот теснец“, загрозувајќи го мирот и стабилноста и поткопувајќи го просперитетот и ограничувајќи го просторот за мирно обединување. Беше објавено и дека „надворешните сили ги охрабриле провокативните акции на сепаратистичките сили“.

Во исто време, кинеската амбасада во Лондон ја осуди британската „неодговорна реторика“, бидејќи министерката за надворешни работи Лиз Трус го покани на разговор кинескиот амбасадор во  Велика Британија, Џенг Зегуанг, поради постапките на Пекинг кон Тајван: „Нема право странска земја , вклучително и Велика Британија, да се меша во внатрешната политика на Кина“, се заклучува во соопштението на кинеската амбасада.

ФОТО: EPA

Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина