26 Април, 2024
0.0346

КИФ и Самитот Македонија2025 - Можности за заедничка соработка

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во пресрет на отпочнувањето на 8-от Самит Македонија 2025, минатата недела во Скопје, претседателот на Стопанска комора на Македонија Бранко Азески и претседателот на Одборот на директори на “Македонија 2025“ Вера Ставроф, потпишаа Меморандум за соработка со цел зацврстување на деловната комуникација меѓу македонската бизнис заедница и македонската бизнис дијаспора.

Целта на Меморандумот е со заеднички активности на двете институции преку разни форми на соработка, да ги потпомогнат домашните компании да остваруваат подобри перформанси, што во крајна линија ќе придонесе за забрзување на растот на македонската економија и развој на македонското општество. Со потпишувањето на меморандумот се предвидува размена на информации и активности за олеснување на бизнис соработката помеѓу членки на Комората и странски компании, вклучително и чекори за зголемување на извозно-увозните активности; организирање на трибини, презентации, семинари, обуки, конференции кои се од взаемен интерес а се наменети за различни целни групи; трансфер на знаења преку различни форми на едукација како и организирање и спроведување на заеднички истражувачки проекти.

Во таа насока во рамки на заедничката активност на Комората и Македонија 2025, беше реализирана и Дебата на тема “Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и економската интеграција на Западниот Балкан”. КИФ претставува најзначајна алатка произлезена од Берлинскиот процес и воедно е еден од последните европски проекти кој е функционален, со седиште во Трст, со Управен одбор составен од претседателите на 6-те Комори од земјите од Западен Балкан. Значењето на КИФ Азески го гледа во воспоставување заеднички регионални институции на различни нивоа кои ќе го направат регионот единствена економска област.

Во таа насока Комората и Македонија 2025 предложија приоритети за заеднички активности од следната година и ќе работат на зацврстување на соработката со цел унапредување на врските помеѓу домашната македонска бизнис заедница и македонските бизнисмени од светот, поврзувајќи ги и земјите од регионот, со фокус на три главни точки:

Ø поддршка во спроведување на процесите на дигитална трансформација, што претставува и еден вид заокружување на процесот на реиндустријализација. Анализите покажуваат дека 10% раст на индексот на дигитализација значи 0.63% раст на БДП;

Ø пристап до финансии за проекти од прекуграничен карактер, што би можело да се операционализира на начин што Македонија 2025 со КИФ ќе креира инвестициони фондови достапни за конзорциуми на компании од регионот;

Ø Македонија 2025 во соработка со КИФ да креира едукативни програми за лидерство, наменети за лидерите од регионот на Западен Балкан, како реална потреба да се одговори на современите предизвици за менаџирање, имајќи ги предвид сите надворешни и внатрешни ризици кои стојат како препреки за успешно решавање на сите нерешени прашања кои долги години го мачат бизнисот од Западен Балкан, а се поврзани со истите проблеми и состојби.

КИФ И САМИТОТ МАКЕДОНИЈА 2025 - МОЖНОСТИ ЗА ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА

На настанот присуствуваше и генералниот секретар на КИФ, Сафет Герџалиу којшто истакна дека е потребно да размислуваме како регион, а не засебно, со што ја потврди тезата дека клучот за успех и економски развој нарегионот е во економското обединување на земјите од Западен Балкан.Регионот на Западен Балкан има топ 5 приоритети или 5 “E”: Европа (Europe), Едукација (Education), Економија (Economy), Животна средина (Environment) и Искуство (Experience). Само јака економија, владеење на правото, едукација и дигитализација може да го зајакнат регионот и истиот да стане попривлечен за нови странски инвестиции. Соработката на Стопанската комора на Македонија и Македонија 2025, ќе може да се искористи за поврзување со дијаспората но и промоција на целиот регион.

Д-р Татјана Штерјова, координатор на активностите на КИФ за нашата земја, ги претстави актуелните проектни активности на КИФ кој ќе имаат за цел понуда на конкретни пакет услуги за компаниите од регионот. Во рамки на КИФ, шесте комори од Западен Балкан во соработка со своите европски партнери како што се Европската Унија, Европската банка за обнова и развој –EBRD, Германското друштво за интернационалана соработка – GIZ, Стопанската комора на Австрија - WKO, Асоцијацијата на германски комори за индустрија и трговија - DIHK, Германската банка за развој - KFW и др. се во фаза на отпочнување на бројни активности коишто во наредниот период ќе бидат насочени кон унапредување на извозните капацитети, пласман на странски пазари, вклучување на компаниите во синџирите на добавувачи на странски компании, но и воведување на дуалното образование и дигитализацијата во домашните компании за поголема конкурентност, како на домашните така и на пазарите од ЕУ.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“