Киев престанува да купува руски гас од 1 април
Објавено во: Економија 23 Март, 2015
Министерот за енергетика на Украина Владимир Демчишин денеска изјави дека земјата во овој момент нема потреба да купува руски природен гас, објави Би-Би-Си.
Според неговите зборови купувањето на гас ќе заврши на 1 април, доколку „сега потрошувачката е 110 милиони кубни метри на ден, а кога ќе се затопли ќе опадне за 20-30 милионикубни метри“.
Министерот потсети дека „Нафтогас“ го купува гасот по цена блиска до 270 долари за илјада кубни метри, но земјата очекува можност да ја земе на пониска вредност, кога ќе ја прочита конјуктура во третиот квартал да биде поповолна.
Според него, за да е конкурентен рускиот гас треба да поевтини под 250 долари, што тој смета дека двете страни можат да се договорат за цени од 240-250 долари за илјада кубни метри.
„Нема смисла и потреба во моментов да си ја доставуваме суровината на повисока цена отколку што некогаш може да ја купиме од Европа“, рече министерот.
Во петокот Русија, Украина и ЕУ одржаа состанок, посветен на гасната тема. Москва вети дека ќе ја разгледа можноста да им обезбеди на Киев квартални отстапки во цената на суровината, а Киев - да купат доволно количество, со што ќе се пополнат складиштата.
Брисел од своја страна се обврзува да обезбеди за Украина финансиска помош за оваа намена. Но постојаниот претставник на Русија во ЕУ Владимир Чижов денеска изјави дека во буџетот на Европската унија нема средства за обезбедување на енергетската безбедност на Украина.