Кид експо е прв детски саем кај нас кој ќе се одржи на 8ми и 9ти април, сабота и недела во хотел Александар Палас со почеток од 10:00 до 19:00 часот

Објавено во: Мои пари 27 Март, 2023
Саемот е во ко-организација на Babyshop.mk и Боттега Евенти.
Идејата вирее неколку години, но поради ковид кризата, истата не можеше да се реализира. Конечно го дочекавме правиот момент за да направиме нешто поразлично во кое се вложивме целосно како тим, за што веруваме дека ќе успееме да направиме настан за памтење, кој ќе прерасне во традиција и долго ќе трае.
Идејата е да понудиме поинакво искуство за целото семејство и да излеземе малку од рамките на класичен саем како што сме навикнати да посетуваме. Ваков тип на саем до сега се нема случено кај нас, што ни претставува уште поголем предизвик за реализација. Под еден покрив ќе понудиме изложувачи кои се внимателно одбрани и кои имаат одлични и квалитетни производи за децата, од едукација и игри, облека и додатоци, играчки, опрема и мебел, здравје и козметика, храна и пијалоци. Покрај изложбено-продажните штандови, на Кид Експо организираме и Ринг со креативни и спортски работилници, концерти и претстави на Големата сцена, едукативни и интересни предавања за родителите и децата. Она што дополнотелно самиот настан го прави поинтересен е што дел од изложувачите на производи или услуги на самите штандови ќе имаат интерактивно претставување што дополнително ќе ги направи среќни и задоволни дечњата.
Програмата е веќе објавена на нашата веб страна и истата може да се погледнe тука.
Она што сакаме да го потенцираме е дека креативните работилници ќе бидат со претходна пријава и ограничен број на деца се со цел ефикасни и ефективни работилници во кои присутните нависитина ќе уживаат. Пријавувањњто ќе биде овозможено преку веб страната www.kidexpo.mk, неколку дена пред настанот. Доколку за некоја креативна работилница нема доволен број на пријавени, на самиот настан ќе имаме пулт за пријава.
Со ова, сакаме да ги поттикнеме сите кои се заинтересирани да поминат поинаков и возбудлив викенд и навремено да ги набават своите карти за Кид Експо.
Картите може да се купат онлајн тука и чинат 200 денари, додека они кои ќе сакаат да купат на врата картата ќе чини 250 денари. За деца под 2 години, влезот е бесплатен. Во цената се вклучени сите работилници, спортски активности, предавања, концерти и забава. Посетителите ќе можат директно да купат производи од изложувачите или пак да си го резервираат производот, во зависнот од приципот на работа на самиот изложувач.
Со нетрпение ги очекуваме 8-9 април, со надеж дека ќе имаме насмеани и задоволни посетители.
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
УНИБанка со јубилеј: 30 години исполнети со доверба, иновации и поддршка
ДАРКО КАЛИН И ДЕЈАН ТРАЈКОСКИ ЌЕ ВОЗАТ МЕРЦЕДЕСИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ЕСЕНСКА ТУРА ЗА 2WIN АВАНТУРА “ на 2win.mk

Сава пензиско друштво е европски победник во категоријата на управувачи со средства до 1 милијарда евра

Преку зголемена контрола на тутунот, нови даночни реформи и промена на Законот за пушење до намалување на црните статистики од пушењето
Cash in – Нова услуга за депонирање готовина на Вашата сметка преку банкоматите на Стопанска банка а.д. Битола

Промотивен пакет на ПроКредит Банка – Префрли плата и уживај во поволности цела година бесплатно

Претпродажбата на паметниот телефон Samsung Galaxy S23 FE е достапна во Македонија
