14 Декември, 2025
0.5097

КЕЈТ ОДРЖА ЛЕКЦИЈА НА ВИМБЛДОН! Во фустан од 900 евра ги надмина познатите

Објавено во: Стил 17 Јули, 2023 11:53

Добивај вести на Viber

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон вчера на финалето на Вимблдон носеше фустан од околу 800 евра...

Кејт Мидлтон се појави во смарагдно зелен фустан, исто како што е една од заштитните бои на Вимблдон. Шетајќи во фустан под колена од речиси 900 евра (поточно 873), Кејт остави одмерен впечаток како што и доликува на една принцеза. Фустанот на познатата француска дизајнерка одлично и прилегаше на принцезата, имаше благ шлиц одзади и плисиран крој напред.

На нозете имала беж штикли чии цени достигнуваат некаде околу 430 евра. Таа го даде последниот шмек со златна нараквица и пар смарагдни обетки. Без претерана шминка и со малку свиткана долга коса, Кејт не ја симна насмевката од лицето, особено што сите погледи беа вперени во неа при пристигнувањето, но и за време на натпреварот. Не е ни чудо, бидејќи принцезата е покровител на најстариот тениски турнир.


На настанот присуствуваа и принцезата Шарлот, принцот Џорџ и принцот Вилјам  кои со голема возбуда го следеа натпреварот. 

Малата Шарлот го привлече вниманието на присутните и на медиумите. Таа на моменти нервозно „гризеше нокти“, додека принцот Џорџ се чини дека поминаа низ тобоганот од емоции. 

Во некои моменти принцезата потона во столот и изгледаше како да не може да поднесе да го гледа натпреварот.

Во меѓувреме, принцот Џорџ изгледаше и воодушевено и исцрпено додека ја гледаше акцијата на Централниот суд - понекогаш со главата во рацете.

Фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Можеби ќе ве интересира

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“

Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“

МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер

МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер