Добивај вести на Viber
Словенија веројатно ќе понуди оружје и воени инструктори на коалицијата на чело со САД која се бори против Исламска држава, објави денес Радио Словенија, повикувајќи се на неофицијални извори.
Тоа радио објави дека словенечките инструктори веројатно ќе обучуваат курдски војници во ирачкиот град Ербилу, како и дека владата во Љубљана тој план би требало да го одоби во текот на денешниот ден, пренесе Ројтерс.
Словенското Министерство за одбрана засега не сакаше да ги коментира тие наводи. Словенија , која е членка на Европската унија и еврозоната досега не учествувала во никакви акции против џихадистите на Исламска држава.