13 Мај, 2024
0.0266

КД Фондови со нова депозитарна банка - Шпаркасе Банка

Објавено во: Мои пари 27 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка Македонија почнувајќи од 20.10.2017г. ги презеде активностите на депозитарна банка на инвестициските фондови со кои управува КД Фондови АД Скопје. По добиеното одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија, Шпаркасе Банка Македонија стана депозитарната банка на инвестициските фондови КД БРИК, КД НОВА ЕУ, КД ТОП БРЕНДОВИ и КД КЕШ ДЕПОЗИТ.

Банката во изминатите години посветено ја развиваше понудата на финансиски и нефинансиски производи и услуги и создаде широко портфолио на т.н. „финансиски супермаркет“, каде што граѓаните и компаниите на едно место можат да ги добијат потребните услуги од банкарското работење, лизингот, осигурувањето, а отсега и за инвестициските фондови.


„КД Фондови е дел од меѓународната финансиска групација KD Group, која поседува 25-годишна традиција во управувањето со средства, преку една милијарда евра пазарна актива и 29 инвестициски фонда под управување. Во Македонија сме присутни од 2008-ма година и нудиме дисперзирано портфолио од фондови, чии инвестициски политики се креирани за да одговорат на потребите на различен профил на вложувачи – од традиционалните штедачи, па сѐ до софистицираните институционални инвеститори.  

Соработката со Шпаркасе банка како институција трае речиси десет години. Со одлуката да им ја доделиме одговорноста за чување на средствата на фондовите со кои управуваме, ја искажуваме нашата верба и посветеност за понатамошен развој на партнерскиот однос. Користејќи ја деловната мрежа, стручниот тим и репутацијата на реномираниот партнер, очекувањата ни се да се доближиме до граѓаните и фирмите, овозможувајќи им  поголема информираност за нашите продукти, како и за бенефитите од вложувањето во фондови – изјави м-р Лазе Камчев, главен извршен директор на КД Фондови АД Скопје.

„Со КД Фондови АД Скопје соработуваме повеќе години, на локално и групациско ниво. Имајќи ги во предвид развојните трендови кај нив и кај нас, оваа година го подигнуваме нивото на соработка и во делот на услугата депозитарна банка за нивните отворени инвестициски фондови. Во овој дел, можеме да кажеме дека и во идниот период ќе продолжиме со проширување на соработката во други сегменти кои се од важност и за двете финансиски институции. Само да потсетиме, со основањето на новата Дирекција за услуги со хартии од вредност, Шпаркасе Банка во изминатиот период ги имплементираше сите услуги со хартии од вредност кои се предвидени со домашната регулатива. Со ова на нашите клиенти им овозможивме користење на сите услуги во делот на хартиите од вредност и финансиските пазри на едно место.“ – изјави директорот на секторот за управување со средства, г. Петар Трпески.  

Можеби ќе ве интересира

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Заборски од „Макпетрол“ петти во Европа на шампионатот во Задар

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Развојот на првиот Porsche 911 со хибриден погон заврши успешно

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН