14 Декември, 2025
0.1989

КБ Прво ве повикува на забавен и едукативен настан во Градски парк, Скопје на „Школка“ во рамките на кампањата „Замени и засади“

Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2024 10:16

Добивај вести на Viber

КБ Прво ви споделува нешто супер возбудливо само за вас! На 14 септември, дојдете во Градски парк, Скопје на „Школка“ и поминете прекрасен ден исполнет со забава, игри и направете и нешто што е добро за нашата планета!

Како дел од кампањата „Замени и засади“, КБ Прво организира забавно-едукативен настан на кој можете да учите, да играте, да се дружите, но и да направите вистинска разлика. Ве очекуваат многу интересни содржини – игри, музички перформанси и различни активности кои ќе ве забавуваат, а истовремено и ќе ви дадат информации за тоа како да бидете еколошки посвесни. Одлична можност за сите возрасти да уживаат во еден возбудлив ден додека имаат позитивно влијание врз животната околина!

„Идејата е едноставна – заменете го начинот на кој го добивате вашиот извештај за пензиска заштеда и наместо во хартиена форма, добивајте го по електронски пат, а ние ќе засадиме едно дрво во ваша чест. Една мала промена од вас значи една голема промена за нашата планета!“– велат од КБ Прво.

„Станува збор за здружување каде ќе можеме да покажеме дека малите акции можат да имаат големо влијание. Веруваме дека малите промени можат да доведат до големи резултати, а овој настан е доказ за нашата посветеност на општествената одговорност кон заедницата. Со изборот на електронски извештаи, нашите членови не само што го поедноставуваат својот живот, тие исто така играат клучна улога во зачувувањето на нашите природни ресурси. Досега се засадени 10.000 садници, би сакале оваа година да бидат уште толку“ – додаваат од Друштвото.

Сите кои би сакале да учествуваат во создавање на подобра животна средина се поканети да се приклучат на настанот на 14 септември во 11 часот во Градски парк, Скопје на „Школка“  и да станат дел од заложбата за зелена иднина!

*Настанот е од јавен карактер и истиот подлежи на фотографирање и снимање. Материјалите ќе се користат за промотивни активности на КБ Прво пензиско друштво и објава на социјалните мрежи, веб-страницата на Друштвото или преку други медиуми.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел.02/32 24 229

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија