09 Мај, 2024
0.0248

КАЗНИ ОД НАРОДНА БАНКА: Јавни објави за прекршителите

Објавено во: Економија 05 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

И Народната банка како Управата за јавни приходи на интернет страницата јавно ги објавува физичките лица и фирмите кои треба да платат прекршоци, а решенијата за казните не успеала да им ги достави на адреса поради нивно неприсуство. Кои физички лица може да ги казнува Народната банка и зошто? Оттаму за Фактор велат дека имаат ингеренции да казнуваат физичи лица ако tie се одговорни лица во институција која Народна банка има надлежност да ја контролира, како банки или менувачници на пример.

За неколку дена на интернет страницата на НБРМ излегоа две вакви објави за доставувања – едната за физичко лице, другата за менувачница. На двете стои дека Народната банка не успеала да им ги достави решенијата, па доказот дека прекршителите се известени е пуштен јавно.

Иако имињата и на физичкото лице и на фирмата се објавени јавно на страницата, од Народната банка за Фактор велат дека сите податоци од супервизијата што ја прави Народната банка се класифицирани со степен „интерно“ и се „професионална тајна“. Затоа од НБрм велат дека не може да објавуваат детали за тоа зошто се казнети лицата.

„Народната банка издава Записници за констатиран прекршок и прекршочен платен налог кон физичко лице, во случаи кога ќе утврди прекршок во работењето на институција која е предмет на супервизија согласно со Законот за банки, Законот за Девизно работење, Законот за Платен промет и сл, а за прекршокот е предвидена глоба и за физичкото лице – одговорно лице во правното лице. Јавната објава на веб-страницата на Народна банка е предвидена со Законот за прекршоци во случај кога доставата на Записникот за констатиран прекршок и прекршочен платен налог на домашна адреса на физичкото лице во два наврати ќе биде неуспешна, стои во одговорот од Народната банка.

Нема податок колкави се конкретните казни.Инаку УЈП редовно известува за недоставени решенија за наплата на обврските, кои со објавата потоа се сметаат за уредно доставени.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?