КАЗНИ ОД 2.000 ДО 60.000 ЕВРА: Грците ги следат плажите со дронови
Објавено во: Балкан 29 Мај, 2024
Грците ги следат плажите со дронови, а казните за кршење на правилата се високи.
Во март грчкиот парламент донесе нов закон за користење на јавниот имот во крајбрежните области и со тоа стапи на сила одлуката дека 50 отсто од плажите мора да бидат јавни.
Сепак, веќе е утврдено дека многу приватни сопственици, хотели и ресторани и кафулиња не го почитуваат тоа. Владата користи дронови за да ги следи плажите и да идентификува неправилности.
По поплаките дека приватни компании ги зазеле плажите и ја исклучиле јавноста, владата почнала да користи дронови за проверка на можни прекршувања на правилата.
Првите беспилотни летала беа пуштени на 24 мај на плажите Пефкохори и Полихронo во регионот на Халкидики.
Казните се од глоби па до забрана за учество во процесите за доделување концесии, како и прекинување на дејноста. Казни од 2.000 до 60.000 евра се предвидени за попречување на бесплатен јавен пристап до брегот и плажите.
foto freepik.com/EugenePetrunin