Кавадарци се задолжува кај домашна деловна банка за изградба на градскиот пазар
Објавено во: Економија 24 Октомври, 2020 12:09
Променливата каматна стапка ќе се пресметува како збир од референтната каматна стапка и каматна маржа од 0,97 процентни поени на годишно ниво, но не помалку од 2,50 проценти годишно. Рокот на oтплата е 144 месеци со вклучен грејс период од 24 месеци.
Град Скопје за прв пат во историјата минатиот месец се задолжи кај домашна деловна банка. Владата му одобри да побара долгорочен кредит кај Комерцијална банка во износ од 766 милиони денари.
Општина Центар до сега се има задолжено со околу 7,5 милиони евра кај Комерцијална банка и тоа со 4.826.000 во 2016 и 2.960.800 евра во 2013. Со овој првиот е изградено училиштето „Киро Глигоров“ во Капиштец, а со вториот, иако во спорни околности, се гради катната гаража кај поранешна НИП „Нова Македонија“.
Од 2014 клиент кај Комерцијална банка е и Општина Карпош со долгорочен кредит во износ од 160.000.000 денари, како и Гостивар со 382 илјади евра.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




