18 Декември, 2025
0.0793

ПО ПОСКАПУВАЊАТА: Граѓаните и фирмите лани ги преплатиле услугите на „Катастарот“

Објавено во: Економија 02 Април, 2025 15:07

Добивај вести на Viber

Поскапените услуги на Агенцијата за катастар на недвижнини во текот на 2024 од граѓаните и другите субјекти од фелата и овозможиле во текот на ланската година да собере неверојатно високи 13,33 милиони евра од наплата. 

По долги години „стабилни“ тарифници, агенцијата во изминатиот период на два пати ги зголемуваше цените на своите услуги. Тоа доведе до многу поголеми трошоци за граѓаните и фирмите во 2023, а уште повеќе во 2024.

Тоа е за повеќе од 3 милиони евра зголемена наплата во однос на една година претходно, кога за катастарските услуги од барателите биле извлечени 10,27 милиони евра, покажува извештајот за ланското работење на агенцијата.

Во однос на планираните приходи, биле собрани дури за 30 отсто повеќе средства од очекувањата од џебот на граѓаните и фирмите. Покрај тоа, Агенцијата за катастар на недвижнини добила и околу 3,25 милиони евра помош од државниот буџет.

Иако станува збор за непрофитен државен управен орган, на крајот од годината „Катастар“ направил добивка од чисти 4 милиони евра, ако се одземат трошоците за неговото работење.

На почетокот на 2024 кога следуваа повторно измени на Тарифникот за катастарски услуги, со што уписот на станот, земјиштето, заедничките простории, гаража, започна со посебно наплаќање, коинцидираше со дури 5,675 милиони евра приходи во првиот квартал од минатата година.

Потоа следувало „нормализирање“ на наплатата, а во октомври стапија во сила повторно намалени цени за голем дел од услугите, откако во Службен весник беа објавени измените и дополнувањата на тарифниците.

Претходно, на крајот на 2022 ценовниот бран го зафати и Катастарот, па за да се извади имотен лист требаше да се плаќа 250 денари, наместо дотогашните 180 денари. Се зголемија и цените за податоците од Геодетско катастарскиот информационен систем во просек за 25 до 30 проценти.

Според планот за работа, 75 отсто од буџетот на „Катастар“ оди за исплата на плати за вработените, а останатиот дел е за стоки и услуги. Агенцијата секогаш кога одеше со поскапување, тоа го оправдуваше со „зголемени трошоци на работење“.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа