23 Јули, 2024
0.0231

„Катастар“ ја преполнил касата од наплата на имотни листови за граѓаните

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Агенцијата за катастар на недвижнини во текот на 2023 за своите услуги од граѓаните и другите субјекти од фелата наплатила повеќе од 10 милиони евра, што коинцидира со поскапениот тарифник среде економската криза. За издавање на имотен лист и други податоци во самофинансирачкиот буџет биле собрани 626.927.325 денари во текот на минатата година, покажува извештајот на агенцијата за своето работење.

Иако планот бил од граѓаните и друштвата да се соберат 8,5 милиони евра, во текот на годината биле наплатени 10,27 милиони евра, односно за дури 21 отсто повеќе од она што се предвидувало. За споредба - во 2023 од поединци и правни лица биле наплатени 10,27 милиони евра, а само една година претходно наплатата во 2022 изнесувала 7,75 милиони евра. Разликата за истото работење за една година е 2,52 милиони евра повеќе.

Дополнително, од државниот буџет се слеале уште 3,36 милиони евра. Така, вкупниот приход на Агенцијата за катастар на недвижнини изнесувал 13,629 милиони евра. Иако станува збор за непрофитен државен управен орган, на крајот од годината останале како фазла безмалку 3 милиони евра како непотрошени средства.

Според планот за работа, 75 отсто од буџетот на „Катастар“ оди за исплата на плати за вработените, а останатиот дел е за стоки и услуги. За капитални расходи во 2024 се предвидени 550.000 евра.

На крајот на 2022 ценовниот бран го зафати и Катастарот, па за да извадите имотен лист требаше да се плаќа 250 денари, наместо дотогашните 180 денари. Според новиот Тарифник, се зголемија цените за податоците од Геодетско катастарскиот информационен систем.

Цените на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности  (АКН) во просек се зголемени за 25 до 30 проценти со стапувањето во сила на новите тарифници, призна тогаш директорот Борис Тунџев. Причина за поскапувањето, како што рече, било сублимирањето на услугите од петте тарифници во два, како и зголемените трошоци за електрична енергија и за одржување на катастарските ИКТ системи.

Претходно реагираше Комората на трговските друштва за геодетски работи за „енормен раст на цените на некои катастарските услуги“. Услугите за добивање одредени податоци, според нивната пресмета, биле поскапени за 100, 200, па и за 500 отсто, на товар на геодетските друштва, нотарите, адвокатите и граѓаните кои користат катастарски услуги.

На почетокот на 2024 следуваа повторно измени на Тарифникот за катастарски услуги. Уписот на станот, земјиштето, заедничките простории, гаража, според она што го објавија медиумите, се наплаќало посебно. 

Од Катастар појаснија дека досега градежните компании при упис на зградите, сите станбени единици и простории ги упишувале со еден имотен лист. Тоа е една од причините за промената во Тарифникот.

Тунџев повторно изјави дека зголемувањето било направено поради зголемени трошоци за струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемување на платите.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ПОДЕМ НА ПАТУВАЊАТА СО ВОЗ: Кина изброја над 300 милиони железнички патнички патувања досега во летниот метеж

ПОДЕМ НА ПАТУВАЊАТА СО ВОЗ: Кина изброја над 300 милиони железнички патнички патувања досега во летниот метеж

Николоски: Владата ќе бара дел од средствата за изградба на пруга до Бугарија, да се пренаменат за брзата пруга на Коридорот 10

Николоски: Владата ќе бара дел од средствата за изградба на пруга до Бугарија, да се пренаменат за брзата пруга на Коридорот 10

БИЗНИСМЕНОТ АЗМАНОВ ОТКРИВА: Да, точно е дека продавам акции, а со парите сакам повторно да градам во Македонија, но ако тука не бива, ќе одам во Грција

БИЗНИСМЕНОТ АЗМАНОВ ОТКРИВА: Да, точно е дека продавам акции, а со парите сакам повторно да градам во Македонија, но ако тука не бива, ќе одам во Грција

Еден е Ворен Бафет од Пласница! Како „Пуцко Петрол“ од алашвериш со акции на ОКТА за еден ден заработи 7 милиони евра?

Еден е Ворен Бафет од Пласница! Како „Пуцко Петрол“ од алашвериш со акции на ОКТА за еден ден заработи 7 милиони евра?

МИСЛЕА ДЕКА РАБОТАТА ЌЕ ДОЈДЕ САМА АКО ИЗГРАДАТ КУЌА И БАЗЕН - Вилите на море во една туристичка земја зјаат празни

МИСЛЕА ДЕКА РАБОТАТА ЌЕ ДОЈДЕ САМА АКО ИЗГРАДАТ КУЌА И БАЗЕН - Вилите на море во една туристичка земја зјаат празни

КРИС ПАВЛОВСКИ Е СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО, РАБОТИ СО ТИМОТ НА ТРАМП ВО РАЗВИВАЊЕ НА RUMBLE - премиерот откри интересни детали

КРИС ПАВЛОВСКИ Е СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО, РАБОТИ СО ТИМОТ НА ТРАМП ВО РАЗВИВАЊЕ НА RUMBLE - премиерот откри интересни детали

Агенцијата за енергетика стана дел од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Агенцијата за енергетика стана дел од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

ВОЗАЧИ, НОВО ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Еве ги новите цени, ќе важат од полноќ

ВОЗАЧИ, НОВО ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Еве ги новите цени, ќе важат од полноќ

ИТАЛИЈАНСКИ ЛАНЕЦ СУПЕРМАРКЕТИ ВЛЕГУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе отвори неколку продавници

ИТАЛИЈАНСКИ ЛАНЕЦ СУПЕРМАРКЕТИ ВЛЕГУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе отвори неколку продавници