30 Септември, 2020
0.0205

Карантините остануваат, Владата засега не размислува за скратување на полицискиот час

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2020

Карантините остануваат, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

„Сметам дека е одлична мерка карантин од 14 дена, имаме разговори со министрите за здравство од околните земји, бидејќи имаат најави за нивни политики за кои сметаме дека треба да сме искоординирани. Веќе сме во поселедна фаза на подготовки и состанок со министерот за здравство на Грција, да видиме дали ќе се искоординираме. Сето тоа мора добро да се усогласи, да видиме дали ќе се постави некаков критериум, за да бидеме спремни кога ќе препорача да се отворат границите, да знаеме што да правиме со нашите граѓани кои ќе можат да патуваат во странство, со граѓаните кои доаѓаат од други земји, и со граѓаните кои транзитираат“, рече Филипче.

Досега не се размислувало за скратување на полицискиот час, но состојбата се следи.

„Досега не размислувавме за скратување на полицискиот час, но може да се наметне потреба во периодот кој доаѓа, посебно за економските оператори кои постепено се враќаат во функција. Значи, ја следиме состојбата, доколку треба апсолутно ќе предложиме до Владата, но засега не“, нагласи министерот.

За протестот кој е најавен пред Владата за 17 мај, Филипче рече дека граѓаните треба да бидат свесни дека сите досегашни рестриктивни мерки не донесоа до тука да имаме мал број пациенти. И затоа тој им честита на граѓаните.

„Сега треба да се издржи уште малку, би сакал да поразговарам со организаторите и искрено се надевам дека ќе го откажат протестот. Ако сепак дојде до него, верувам дека институциите ќе реагираат тој да биде на дистанца и со носење маски“, нагласи министерот.

За лекарите и медициснките сестри кои работеа со пациенти со КОВИД-19, се размислува за награда. 

За стоматолозите има соодветен протокол, дел се спремни и веќе можат да почнат со работа, а другите откако ќе завршат со подготовките. 

Можеби ќе ве интересира

За Катица Јанева наводите на државните ревизори се хајка

За Катица Јанева наводите на државните ревизори се хајка

МВР ја набљудувало Јанкулоска за да не избега

МВР ја набљудувало Јанкулоска за да не избега

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанакиески доби условна, а Груевски затвор од година и пол, во меѓувреме има препукувања околу онлајн учењето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанакиески доби условна, а Груевски затвор од година и пол, во меѓувреме има препукувања околу онлајн учењето

ВЕЛЕС: Жена се породи во такси возило

ВЕЛЕС: Жена се породи во такси возило

Од Кабинетот на Еди Рама објаснија зошто фотографија од Македонија беше означена како место во Албанија

Од Кабинетот на Еди Рама објаснија зошто фотографија од Македонија беше означена како место во Албанија

НЕМА ФЛЕКСИБИЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Администрацијата ќе работи од 8 до 16 часот

НЕМА ФЛЕКСИБИЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ: Администрацијата ќе работи од 8 до 16 часот

СДСМ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Крајно незрело е да се напаѓа проект кој е во тест период

СДСМ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Крајно незрело е да се напаѓа проект кој е во тест период

Министрите потпишаа изјави за почитување на Кодексот за етичко однесување

Министрите потпишаа изјави за почитување на Кодексот за етичко однесување

Одобрен продолжениот престој во училиштата

Одобрен продолжениот престој во училиштата