КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ: Одамна требаше да бидат завршени, а само за провизии е платено 58 милиони евра
Објавено во: Економија 07 Јули, 2022 15:06
Државниот завод за ревизија во својот годишен извештај за работата во 2021 ги претстави капиталните проекти на државата кои одамна требаше, а се уште не се довршени, иако за тоа се подигнати заеми од меѓународните кредитори.. За нив веќе се платени провизии од неверојатни 58 милиони евра, иако не се изградени во предвидениот рок, ниту пак има изглед кога ќе се изградат.
Број еден е автопатот Кичево - Охрид за кој од 2018 па до сега се склучени дури пет анекси на основниот договор со кинеската Ексим Банка и изведувачот Синохидро., кој првично склучен во 2014 требало да изнесува 411.287.800 милиони евра. Во 2019 новата вредност на договорот е 598 милиони евра. Резултатот е ризик од губење на 38.634.018 долари за продолжување на рокот до крајот на 2023.
Вториот проект е Регионалниот клинички центар во Штип, кој не се знае кога ќе биде изграден, а го финансираше Банката на Советот на Европа, додека изведувач е грчкиот Интеркат. Договорот бил вклучен во 2016 за сума од 30 милиони евра. Во меѓувреме рокот е продолжен до 30 јуни 2023, а излегле и дополнителни трошоци од 7 милиони евра. До септември 2021 извршена е само 30 отсто од градбата. Во октомври 2021 стигнала информација до Владата дека ќе бидат потребни уште 8 милиони евра. Трошоците за проектот на крај се зголемуваат за дополнителни 50 отсто.

Фијаско доживуваат и инфраструктурните проекти на Железницата. За првата делница на Коридор 8 за железничко поврзување со Бугарија биле платени 4.134.145 евра оштетни побарувања од изведувачот затоа што бил раскинат договорот. Рокот на изградба бил до септември 2016, а бил продолжен со анекс до февруари 2020, но и тој не се исполнил. Вредноста на заемот бил 46,4 милиони евра, повлечени биле 31,9, а реализирани само 27,7 милиони евра.
За втората фаза од изградбата на пругата кон Бугарија бил постигнат договор со ЕБОР во 2014 од 145 милиони евра, но договорот со изведувачот бил раскинат, а била платена провизија од 6.385.202 евра.
„Утврдените состојби со ревизијата упатуваат на
констатација за бавна динамика на реализација на
стратешките инфраструктурни проекти, зголемени
трошоци за проектите преку повисока цена на чинење на
изградбата и зголемени трошоци по заемите, поради што
реализацијата на јавните инвестиции кои се финансираат
со заеми во целост не се спроведени на ефикасен и
економичен начин.
Ефектите од јавните инвестиции за остварување на
инвестиционите цели се пролонгираат за идни периоди
како резултат на продолжување на роковите за
реализација на проектите“, заклучува државниот ревизор.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




