27 Април, 2024
0.0256

Канцерогеното пченкарно брашно од Србија влегло и во Македонија!

Објавено во: Агробизнис 13 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Лабораториски анализи покажале дека има присуство на афлатоксин над дозволеното во неколку примероци пченкарно брашно увезено од Србија, соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство. Станува збор за околу 40 тони брашно увезено преку повеќе увозници од кое, поголемиот дел воопшто не бил пуштен во промет, односно се наоѓал во магацините на увозниците. Согласно наредбата на Агенцијата, од пазарот се повлекуваат околу 10 тони пченкарно брашно, а количините кај кои е утврдено присуство на афлатоксини над дозволеното, ќе бидат уништени или вратени во Србија. „Веднаш по добивањето на резултатите од анализите, Агенцијата забрани ставање во промет и нареди повлекување од промет на пченкарното брашно кај кое е утврдено присуство на афлатоксини над дозлволеното“, тврдат од Агенцијата. По добиената информацијата преку Системот за рано предупредување на Европската унија за присуство на афлатоксини во пченката по потекло од Србија, инспекциските служби на Агенцијата за храна ја засилија контролата со задолжително лабораториско испитување на пченката и производите од пченка на граничните премини и во внатрешниот промет. Првите изјави оттаму беа дека нема влезено од отровната српска пченка во Македонија, но последните испитувања на мострите го покажале спротивното. Според Агенцијата, направени се и дополнителни контроли на увозната замрзната пченка наменета за исхрана на луѓето, која е по потекло од оваа земја. Земени биле и мостри за лабораториско испитување од различни увозници, за кои, анализите покажаа дека не е утврдено присуство на микотоксини- афлатоксини.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади