13 Декември, 2025
0.0366

Камчева: Бев исплашена од моќта на Јанева, но сфатив дека Бојан е „специјален обвинител“

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2019 11:18

Добивај вести на Viber

Прво даде заклетва, а потоа одговараше на прашања на обвинителката Вилма Русковска. Сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, во судницата го повтори она што веќе го нагласи и Камчев.

И според неа, во случајот биле вмешани и обвинителката Лиле Стефанова, судијката на претходна постапка Весна Димишкова, како и нејзиниот брат адвокатот Васил Димишков.

Камчева за цело време пред неа имаше црвен тефтер, кој цело време стоеше пред неа додека сведочеше. А на тоа не реагираше никој од присутните. 

Ана Камчева зборуваше за тоа како таа и нејзиниот сопруг, наводно, биле рекетирани од осомничените во Рекет, Бојан Јовановски и Катица Јанева. Според Камчева, таа имала неколку средби со Јовановски, а после втората тој и побарал пари. Нагласува дека со сопругот решиле да ги дадат парите. 

Благајничката извади 350.000 евра, а 150.000 евра требаше да обезбеди Зоран Милевски Кичеец. Парите, 350.000 евра беа во несесер и ги донесе Ратка Камчева, мајката на Орце. Заедно со Кичеец отидовме во домот на Јовановски, во кој беше Сергеј. Бојан се шегуваше на несесерот и реагираше што има поситни банкноти, по што забележа дека недостигаат 150.000 евра. Кичеец рече дека тој ќе го обезбеди остатокот“, објасни Камчева.

Кога се одржала втората средба, сведочеше натаму Камчева, во домот на Боки 13 присуствувала и Катица Јанева. Со Јанева разговарале за децата, при што Камчева зборувала за тоа на која возраст се нејзините деца, додека, пак, Јанева раскажувала за своите. Јанева рекла декла благодарение на Бојан нејзиниот син се вработил, инаку би требало да оди да работи на брод. „Потоа ми рече да ја повлечам гаранцијата од 14 милиони евра, понудена за притворот, бидејќи наводно била незаконска, и дека по нејзина гаранција ќе биде пуштен, како и што се случи“, рече Камчева. Таа уште кажа во судницата дека Јанева и се заканила дека ако нешто излезе од разговорите ќе знаела дека е таа и ќе има уште многу други предмети во кои може да го вмеша нејзиниот сопруг.

Камчева, како што објасни, не била присутна кога нејзиниот сопруг на Јовановски му дал еден милион евра. 

Сопругата на бизнисменот била исплашена од моќта на Јанева, но потоа, како што објасни, сфатила дека „специјалниот јавен обвинител е Јовановски бидејќи тој ги имал сите информации“.

фото Макфакс

Можеби ќе ве интересира

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст

ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст

ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила

ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон