27 Април, 2024
0.0270

КАМАТИТЕ УПОРНО ОДАТ НАДОЛУ - добро за тие што сакаат кредит, но неповолно за штедачите

Објавено во: Финансии 29 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Продолжуваат да се намалуваат каматните стапки. Колку што е тоа добро на страната на кредитите, толку е демотивирачки за штедните влогови.

Според најновите податоци што ги објави Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните кредити во април годинава изнесувала 4,86 проценти. Со ова всушност продолжи трендот на нејзиниот пад, кој во споредба со еден месец претходно е за 0,03 процентни поени, а за една година намалувањето е за 0,37 процентни поени. 

Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, изнесува 1,11 отсто. За една година претходно тоа е намалување за 0,3 процентни поени. 

Ако некој во април годинава зел кредит од банка, тоа го направил со просечна камата од 3,77 отсто. Толку изнесува просечната каматна стапка на новоодобфрените кредити, и бележи пад од 0,35 и 0,94 процентни поени на месечна и годишна основа, соодветно. 

Но затоа, пак, оние што однеле пари на чување во банка во април, просечната каматна стапка што банките им ја дале изнесувала 0,61 отсто, па споредено на годишна основа оваа каматна стапка е пониска за 0,66 процентни поени. 

Во април, просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор изнесува 4,01 отсто. Анализирано на годишно ниво, оваа каматна стапка е пониска за 0,51 п.п. 

Априлската каматна стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,66 отсто. 

Во април, просечната каматна стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,65 отсто и бележи минимален месечен раст од 0,01 п.п.,а споредено на годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,33 п.п. 

Каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во април, е пониска за 0,45 п.п. на месечна основа и изнесува 4,38 отсто. 

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, овој месец, бележи минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 1,09 отсто, а на годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата е намалена за 0,29 п.п. 

Каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула во април изнесува 0,65 отсто, за разлика од претходните три месеци кога банките и штедилниците не примиле ваков вид депозити. На годишно ниво, оваа каматна стапка бележи пад од 0,47 п.поени.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски ланци бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски ланци бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек