14 Декември, 2025
0.0835

КАМАТИТЕ ИМ СЕ ПРЕВИСОКИ, СТАНОВИ ЌЕ НЕМА - германска компанија го запира производството на 60 илјади станбени единици

Објавено во: Економија 21 Септември, 2023 13:45

Добивај вести на Viber

Германската групација за развој на имот Воновиа ги одложи плановите за изградба на 60.000 станови поради високите каматни стапки и трошоците за изградба, рече извршниот директор Ролф Бух. „Имаме планови за вкупно 60.000 станови во фиока“, изјави Бух за Funke Mediengruppe во средата.

„Подготвуваме сè до фазата на добивање градежни дозволи. И се надеваме дека изградбата наскоро повторно ќе биде исплатлива и профитабилна. Во тој случај веднаш повторно би почнале со градба“, додаде првиот човек на „Воновиа“.

Воновиа е најголемата германска компанија за изградба на недвижнини, и има значителни удели на шведскиот и австрискиот пазар.

„На Германија и требаат 700.000 нови станови годишно“

Германија има хроничен недостиг на станови, посочи Бух, проценувајќи го сегашниот недостиг на повеќе од еден милион станови. Наскоро тој број ќе порасне на неколку милиони бидејќи бројот на имигранти континуирано расте, додаде тој.

Според неговата проценка, на Германија и се потребни 700.000 нови станови годишно. Германската влада планираше да гради најмалку 400.000 нови станбени единици годишно, но мораше да признае дека поради забавувањето на градежништвото нема да ја постигнат оваа цел.

Синдикатот ИГ БАУ, кој ги застапува работниците во градежниот сектор, одговори на изјавите на Бух обвинувајќи ја Воновиа дека ја стопира изградбата поради притисок врз политичарите. Треба да се избегнуваат отпуштања и намалувања на работното време, велат од синдикатот.

„Трошоците за изградба се зголемија од околу 3.000 за метар квадратен на околу 5.000 евра за метар квадратен.

„Крајно време е германската влада да преземе удел во Воновиа“ за да може државата да влијае на стратегијата на гигантот за недвижнини, рече IG BAU. Градежништвото мора да продолжи, особено во услови на криза, велат тие.

Портпаролката на Воновиа рече дека трошоците за изградба порано биле околу три илјади евра за метар квадратен, но сега се зголемиле на околу пет илјади евра за метар квадратен, според медиумската компанија Funke nMediengruppe.

„Просечната кирија во нашето портфолио на станови е околу 7,50 евра и многу луѓе со средни или ниски примања живеат во нашите станови. Затоа се плашиме дека киријата од околу 10 до 12 евра во нови станови може да биде превисока“, рече портпаролката. .

Според извештајот на Funke Mediengruppe, сегашните високи трошоци за изградба и финансирање би ја зголемиле киријата во новите згради на 20 евра за метар квадратен. „Многу луѓе веќе не можат да си дозволат такви цени“, нагласи портпаролката на Воновиа.

Индекс.хр

Фото. ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година