КАЛИМЕРО НЕМА ПРАВДА - правник во УЦВ ќе зема 63 илјади денари месечно, градежник 52 илјади, по што се толку посебни
Објавено во: Македонија 16 Август, 2022 07:37
Бадијала синдикатите со години наназад бараат изедначување на платите на вработените во јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост на ниво на држава. И натаму опстојува состојбата одредени државни служби да бидат многу попривилегирани од другите.
Кога станува збор за платите, убедливи лидерии се Агенцијата за цивилно воздухопловство, М-НАВ и Агенцијата за електронски комуникации.
Додека Синдикатот за УПОЗ подолг период наназад укажува дека вработените административци по министерствата земаат многу ниски плати, и тоа е случај со најголемиот дел од нив, одреден број на јавни претпријатија или акционерски друштва во државна сопственост, се целосен исклучок од таа слика, бидејќи платите кај нив се огромни, дури и двојно повисоки од оние што ги земаат луѓе со исти квалификации и искуства од приватниот сектор.
Неодамна и од Владата најавија дека ќе има изедначување на платите кај државните органи, но тешко е да се очекува дали некогаш и воопшто ќе може да се спроведе таа процедура.
Најновиот „бисер“ во поглед на платите доаѓа од Агенцијата за цивилно воздухопловство, која е акционерско друштво во целосна сопственост на државата. Таа е всушност воздухопловната власт во државава.
Таму ќе се вработи правник кој ќе зема плата од 63 илјади денари, но и кадар со завршена архитектура или градежен факултет, кој ќе добива над 52 илјади денари.
На веб страницата на Агенцијата за администрација е објавен оглас од кој се гледа дека АЦВ бара Советник за управување со човечки ресурси, за Секторот за административни и општи работи, кој треба да има завршено Факултет од областа на правните науки. Услов што се бара за него е да има три години работно искуство во струката, а треба да знае и Англиски и компјутерски програми за канцелариско работење.
Како малку поспецифичен критериум е да има поминато Обука за користење на дигиталната интернет платформа за мрежата за управување на човечки ресурси (HRMN) и најмалку пет години работно искуство во областа на осигурувањето. Точниот износ на неговата плата ќе биде 63.200 денари во нето износ. Согласно планот за етничка застапеност на институциите, неговата националност треба да биде Турчин.
Вториот кадар што се бара е помлад соработник за аеродромска инфраструктура, кој треба да има завршено или Архитектонски или Градежен факултет. Може да има, но и не мора, според огласот, работно искуство во струката. За него се бара и да има поминато основен курс за опасни материи во воздухопловството за оператори и агенти. Паричен нето износ на платата ќе му биде 52.440 денари, а по националност се бара да биде Македонец.
Претходно АЕК имаше интересни огласи за вработување со исто така прилично високи плати.
Дури таму, и за вработување со средно образование, се нудеше плата од 47 илјади денари.Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје




