КАЛЕГЗИТ: Шестата економска сила во светот бара отцепување од САД!
Објавено во: Свет 11 Ноември, 2016
Во Калифорнија почна капмања за излез на таа сојузна држава од САД, пренесоа американските медиуми . Поборниците на „Калегзит“ гледаат раст на интересот за нивната идеја после изборот на Трамп за нов претседател.
На изборите на 8 ноември, во таа држава 61 отсто избирачи гласале за кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон, додека 33 отсто го поддржале Трамп.
„Како шеста по големина економска сила во светот, Калифорнија е економски помоќна од Франција и има повеќе жители од Полска, пишува на сајтот „Јес Калифорнија“ кој ја поддржува иницијативата за организирање на референдум за „Калегзит“.
Според поддржувачите за отцепување на Калифорнија, оваа сојузна држава во се може да се спореди и натпреварува со земјите а не само со останатите 49 држави во САД.
Според нивно мислење, „САД претставуваат толку работи кои се во спротивност со вредностите на Калифорнија“ и опстанок на Калифорнија како федерална држава ќе значи понатамошно субвенционирање на други држави на нејзина штета.
Жителите на Калифорнија планираат да организираат референдум за независноста по пат на таканаречена „граѓанска иницијатива“, односно поднесување на петиција.
Доколку петицијата ја потпишаат доволен број на регистрирани бирачи, прашањето за референдум ќе се стави на гласачко ливче.
Велика Британија во 2016 година гласала за излез од ЕУ на референдум за Брегзит, потсетува „Јес Калифорнија“ и најавува дека референдумот за „Калегзит“ ќе се одржи во 2019 ако биде соберен доволен број на потписи за оваа иницијатива, после што, како се надеваат Калифорнија ќе стане одвоена земја.
На социјалните мрежи се воведени хаштагови #Kalegzit i #Kalivfornija (#Calexit i #Caleavefornia), а поддршка на кампањата и дава сајтот „Јес Калифорнија“(yescalifornia.org), на кој жителите може подобро да се запознаат со иницијативата за отцепување .