Какво време ќе имаме во следните 10 дена?
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2023 19:10
Под влијание на стабилна и сува воздушна маса, во следните десeтина денови времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Најпрвин ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а потоа ветерот ќе ја намали својата брзина, и ќе биде од променлив правец.
Пред нас е доста долг период на сушно време и на „мини лето”, но со свежи ноќи и утра кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, а во почетокот од следната седмица утрата ќе бидат уште посвежи и температурите тогаш ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 12 степени.
„Сепак преку денот максималните дневни температури ќе бидат пријатни и околу просекот за овој период од годината, и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени. Во Скопје и околината ќе имаме долг период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Најпрвин ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а потоа ветерот ќе ја намали својата брзина“, вели метеорологот Славчо Попоски.
Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 12 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 27 степени.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




