07 Мај, 2024
0.0256

Какви се реакциите за трансформирањето на државната помош за трето дете?

Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Откако вчера беше најавено дека државата нема да плаќа по 8 илјади денари месечно за трето дете, туку со новата измена ќе се добива еднократна парична помош од 60 илјади денари, повеќето мајки кориснички на ваква помош сметаат дека мерката не треба да се укине или менува. 

Оние кои родиле трето дете велат дека како што сега важи за нив мерката, така треба и да остане во иднина за другите жени кои ќе се решат да го прошират семејството.

„Не би требало да ја укинат помошта, но ако решат народот никој нема да го слуша. Ние имаме решение дека ќе земаме до 10 години, но против државата не се може“, вели мајка. 

Сметаат дека паричната помош помогна и во многу запустени села да се слушне детски џагор.

„Јас користам додаток за трето дете и сум против тоа да се укине. Мислам дека со таа мерка дефинитивно порасна наталитетот во Македонија. Познавам многу жени кои родија трето дете иако веќе имале и машко и женско дете“, вели мајка на три ќерки, која е корисник на додаток.

Но, демографскиот тренд оди во надолна линија. И покрај потрошените пари, Македонија не може да се пофали со добар природен прираст на населението. Во повеќето општини популацијата старее. 

ВО МАКЕДОНИЈА СЕ РАЃААТ СЀ ПОМАЛКУ ДЕЦА

Од година во година во Македонија се намалува бројот на родени деца, иако се доделува парична помош за трето дете, проект кој го почна претходната власт.

Додатокот за трето дете ќе замине во историјата, затоа што не го даде посакуваниот ефект.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во земјава во 2017 година се родени вкупнo 21.946 деца, од кои 21.754 живородени и 192 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2017 година, во  споредба со минатата година, е намален за 5.4 %.

Бројот на живородените деца во 2016 година, во споредба со претходната година, е намален за 73 деца или за 0.3%. Се родиле 23.199 деца, од кои 23.002 се живородени и 197 мртвородени деца. Во Република Македонија во 2015 година вкупно се родени 23.260 деца, од кои живородени се 23.075 и 185 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2015, во споредба со  претходната година, е намален за 521 дете или за 2.2%. 2014 е една од ретките години кога имало раст од 2%.

ЗОШТО МЛАДИТЕ НЕ СЕ ОДЛУЧУВААТ ДА ФОРМИРААТ МНОГУДЕТНО СЕМЕЈСТВО?

Младите генерации семејството го планираат според можностите.

„Пресуден е економскиот фактор, затоа што едно дете е трошок, потребно е да се задоволат потребите, курсеви, и сѐ друго што е потребно во денешно време. Со второ дете веќе е двојно поголем трошокот. Сепак, во некои руралните средини и кај одредени етнички заедници има репродукција без разлика на финансиската состојба“, вели социологот Татјана Филиповска.

За додаток за трето дете лани државата издвоила повеке од 42 милиони евра, но мерката не го зголеми наталитетот како што се очекуваше кога се донесе во 2009 година. Наместо досегашната пракса, надлежните предвидуваат да се доделува еднократна помош за секое родено дете. За прво дете таа ќе изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари, информираа од Министерството за труд и социјална политика.

Од МТСП сметаат дека стимулацијата воопшто не била креирана како што треба.

Податоците покажуваат дека самата мерка нема никаков ефект врз наталитетот односно стапката на наталитет опаѓа, од 13,3 во 2001 година до 11,1 во 2016 година, но и дека истата била лошо дизајнирана од самиот почеток.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик