08 Мај, 2024
0.0218

Какви лидери ни се потребни!

Објавено во: Колумни 14 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Отсекогаш сум се прашувал што е она што луѓето ги маѓепсува и доведува во состојба на воодушевување кога ќе се појави нивниот лидер. Кои се границите или црвените линии за да престанете да му верувате или што треба да направи или да не направи за да излезете од филмот што ви го прикажува, со розови очила.. Можеби е природно во адолесцентен период да се има идол, но во свои 30-ти, 40-ти години некому слепо да се верува, е незамисливо. Плурализмот донесе различни партии кои имаат свои идеологии и нормално е дел од луѓето да имаат левичарски ставови, а други пак десничарски или поинакви од нив. Да се бранат одредени позиции, ако од тоа има некаков интерес, бидејќи живееме во меркантилистичко општество каде се има своја цена, и е предмет на договарање. Но дали можеш некого да почитуваш или обожуваш ако не знаеш потребни информации за него? Дали можеш да бидеш без стеги или природен во друштво на некого од кого чувствуваш страв! Какви се нашите лидери? Колку тие ги инспирираат луѓето околу себе, и дали со својот пример и однесување ја заслужуваат нашата почит. Лидерот треба да е доблесна личност која не се срами да признае грешка, да поднесе оставка ако тоа го заслужил, без да се грижи за комодитетот кој неговата позиција му го обезбедува. Лидерот е високо морална и духовна личност која е полна со енергија, несебична, личност која мотивира и којa ги води луѓето.  Искреноста и човечноста на долг рок секогаш се исплатливи. Луѓето препознаваат шарлатани и измамници. Под страв можете некого да контролирате, но на таа тенденција крајот секако и се гледа. Лидерот популист е одличен комуникатор, добро се снаоѓа на јавни средби, перфектен говорник, кој знае да сокрие дека нешто не знае, способен за глума...... како постојано да игра театарска улога, пред бројна публика која не смее да ја изневери...и само треба да продолжи континуирано да ја игра улогата која му е зададена.... функционира на база на создадени очекувања, создадена илузија, која е неопходно континуирано да се држи во живот, во спротивно се ќе пукне како балон.. Лидерот руши табуа, стереотипи, најчесто функционира со голем тим на соработници кои покриваат различни теми и сегменти на интерес, кои го советуваат, му поднесуваат извештаи, а тој сето тоа треба да го процени, и врз основа на тоа да донесе вистински одлуки. И треба да биде вистински убеден во исправноста на одлуката. Притоа колку се подобри луѓето околу него, ќе биде добар и тој. Дали сакаме лидер кој е независен, човек кој стои зад се она што го кажува, со огромен капацитет, кој се инволвира во многу работи, има широки познавања, интелектуалец, кој ги проверува сите работи, се консултира, но на крај самиот донесува заклучок по одредени прашања. Кој сака да работи од сенка, не сака премногу да се експонира, целосно посветен на работата, човек од кој луѓето имаат реални очекувања. Перфекционист, кој поставува високи стандарди и од своите соработници очекува многу. Сочувствителен и грижлив со луѓето, кој знае да каже НЕ, дури и кога со тоа може да се наштети. Големината на лидерот е во тоа да ја признае грешката. Човечки е да се згреши, бидејќи никој и не е совршен. За жал кај нас, денес никој не се извинува, никој не сноси одговорност за ништо. А толку малку сме, за да постојано се караме и обвинуваме! Сашо Дуљанов    

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина