Каква порака испрати Мануел Валс за заканата од тероризам?
Објавено во: Свет 12 Ноември, 2016
Европа „ќе го победиме исламскиот тероризам”, иако таа ќе биде повторно погодена, наведува францускиот премиер, Мануел Валс во текстот објавен во неколку европски весници, по повод годишнината од нападите од 13 ноември во Париз, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Тој смета дека општествата се загрижени и дека нив им ја должат вистината.
„Да, тероризмот повторно ќе не нападне. Но, да, ние имаме ресурси за да се спротивставиме и сите сили за да го победиме. Ние, Европејците, ќе го победиме исламистичкиот терориза “ - вели Валс.
Ги повика повторно европските земји да си подадат рака за нивна безбедност.
„Ова уште повеќе, бидејќи САД се помалку се вклучени во светските прашања. Европа не може да се ослободи од својата одговорност и да се крие зад својот американски сојузник” - додава францускиот премиер.
Валс, исто така, им се обрати на семејствата на жртвите. Вели дека не поминува ниту ден без да помисли на 130-те жртви од 13-ти ноември лани, стотиците повредени, и сите други жртви на тероризмот и нивните семејства. Утре Франција ќе им оддаде почит на луѓето кои беа мета на напад организиран од „Исламска држава“.
Нападот во Париз не беше изолиран случај, затоа што и во Ница подоцна имаше терористички напад кој однесе многу животи.