14 Декември, 2025
0.0379

Каква е денеска состојбата во северно Косово?

Објавено во: Балкан 27 Мај, 2023 10:43

Добивај вести на Viber

По вчерашните инциденти кога се судрија граѓани и полиција, денеска е мирно на северот на Косово. Нема задржувања на премините Јариње и Брњак. Патничкиот и товарниот сообраќај се одвиваaт без проблеми.

Полицијата со возила ги блокира приодите кон зградите на општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, пишува агенцијата Бета. Гужва имаше синоќа поради граѓаните  кои се враќаа од Белград од митингот на владејачка Српска напредна странка на претседателот Александар Вучиќ. Вообичаена процедура се одвива и за товарниот сообраќај, кој беше во прекин во петокот на 26 мај, бидејќи косовската полиција не пропушташе камиони да минуваат поради безбедносни причини.

Полицијата вчера им помогна на новите албански градоначалници на Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток да влезат во нивните канцеларии, на што се спротивставија групи локални Срби. Полицијата употреби солзавец и шок бомби. Новите градоначалници влегоа во нивните простории по интервенција на полицијата.

Градоначалниците се избрани на изборите во април 2023 година. Српска листа ги бојкотираше овие избори. 

ЕУ и САД ги осудија немирите и повикаа на деескалација. Вооружените сили на Србија засега остануваат на највисоко ниво на борбена готовност поради „бруталната употреба на сила од страна на Албин Курти и неговите сили против српскиот народ на Косово“.

И албанскиот премиер Еди Рама рече дека акцијата во северно Косово била непотребна. 

foto Reuters

Можеби ќе ве интересира

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?