07 Јуни, 2020
0.0254

Каков премиер беше Заев: Кроток политичар со трговска досетливост

Објавено во: Македонија, Анализа 05 Јануари, 2020

Зоран Заев по две и пол години си замина од Илинденска, во себе надевајќи се дека ќе биде само привремено, дека Спасовски нема да биде вечен технички премиер и дека Мицкоски „мало сутра“ ќе победи на предвремените парламентарни избори.

Гледајќи наназад Заев се обиде да ја смени сликата за премиерската функција и позиција, постапувајќи како срдечен политичар кој користи неформален говор, знае да каже по некој неспретен гаф кој дури беше дел и од неговиот вообичаен репертоар на навидум кроток човек кој сака да има едноставен однос со граѓаните, медиумите, соработниците па дури и противниците.


Заев беше омилениот ученик на меѓународната заедница, често фален на „родителските“ собири пред неговите балкански соученици. „Блескаме во Европа“, тврдеше тој со малку доза и на нереален оптимизам, политичка наивност или пак трговска умешност да им продаде на македонските муштерии дека ете само да ги решиме споровите со соседите, и оп ќе влеземе во ЕУ.

Неговиот морален хазард направи да го прифати ставениот на маса Договор од Преспа, дури и откако се колнеше во предците и во неговата жица дека дома нема да се „понижиме“, дека ќе си останеме Република Македонија за домашна употреба ако ништо друго.

Но, откако се увери дека македонскиот идентитет е „бетониран“ тргна од Давос со Ципрас да го реши спорот за името, како што велеше со храбро лидерство. И така и бидна, Нивици стана местото во кое Грција и Македонија за прв пат на заедничка маса со пријателски пораки потпишаа еден вид на „мировен“ договор. 


Зачудувачки но, Заев не беше распнат за договорите со соседите од добар дел од неопределените гласачи, ниту пак од тие кои верува дека возможна е нормализација на државата со враќање на евроатлантските интеграции како единствена заедничка платформа прифатлива за големото мнозинство на граѓани.

Големата сопка му ја направија Боки 13, сопственикот на телевизијата која требаше да биде македонски CNN, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која требаше да биде македонската Ковеси. И како во секоја телевизиска фарса паднаа маските, а тие пак кои режисерот не наведуваше да мислиме дека се негативци и за кои македонскиот Бошко Буха радо пукаше бомби, всушност да ти биле жртви на „Рекет“, па и одлични сојузници кога треба да се протурка расплетот во замрсеното сценарио за уставни измени.

Заев сите фрлени стрели се обиде да прикаже дека удираат во тефлон, дека тој по се што направи мисли за светлата иднина на државата, за раст на економијата, платите, пензиите, социјалните бенефиции, за новите фирми и младите и за релаксирање на меѓуетничките односи со концептот едно општество за сите.

Прашањето е дали е тоа доволно за Заев да го врати по релативно брза постапка преку 12 април на Илинденска? Во последните месеци на интензивна кампања токму тоа се обидуваше да направи неговиот партиски ПР тим. Да потсети дека Заев е централната фигура, тој е човекот кој го предизвика и потоа утна Груевски, тој е политичарот кој иако со голема жртва не доведе до членство во НАТО, дека тој ќе ја води земјата во преговори со ЕУ кои иако се одложени не се ни убиени, дека тој има економски и комерцијален сенс да стигнеме до просечна плата од 500 евра.

Помалите и понесуштвени грешки на Заев како месечните пренк разговори со руските измамници и провокатори или менувањето на принципите и примарните ветувања за враќање на целосната правда за дел од осомничените од СЈО му нанесоа помали лузни на мандатот на веќе премиерот во оставка.

Заев со душа ќе чека да се распушти Собранието и да започне изборната кампања за да продолжи да го убеди а гласачкото тело дека режим каков што имаше Груевски повеќе не смее да се врати, ќе ги плаши гласачите со алузиите и набилданите грандиозни ветувања на опозицијата за ревизии на соседските договори како со Баба Рога. Ќе парадира со фотографии, ракувањата и изјави за поддршка од целиот западен свет пренесувајќи порака дека таму ни е местото и тој веќе го има таксано за нас.

Во овој краток мандат на Заев постоеја  и многу нејасни работи како што е дивеењето на локалните шерифи кои не ги бие ни топ ни закон, кои узурпираа заштитени природни подрачја, градеа сурово, а по улиците се решетаа мафијаши како во фавелите. Засега како и да нема сили, ниту храброст оној дел од јавноста кој треба да достави издржана и непристрасна критика дека нешто е труло со безбедносниот систем и со правосудството и дека не сме сите еднакви и исти пред словото на правото.

Некои работи политичар како Заев многу лесно може да ги стави под тепих, може да се заборават и амнестии и тендери, и непринципиелни договори и продолжување на партиската окупација на државните институции.


Големите и малите теми ќе му бидат подеднакво важни за следните избори, бидејќи колку и да сака да го префрли вниманието на теренот каде што е силен со неизбежната ратификација на членството во НАТО и новата методологија на пристапните преговори со ЕУ, Заев ќе мора да одговори и на теми како заштита на животната средина, загадувањето, партиските вработувања и недоверба во институциите, враќање на правдата и одговорност за сите моќници и мафијаши кои со децении и бегаат на Јустиција.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Неделен Фактор: Дајте распишете тендер за стапови од Индија, инаку сите го окркавме (стапот)

Неделен Фактор: Дајте распишете тендер за стапови од Индија, инаку сите го окркавме (стапот)

СЕКОЈА ЧЕСТ ХЕРОИ - ова се лекарите кои секојдневно се борат за спас на животи

СЕКОЈА ЧЕСТ ХЕРОИ - ова се лекарите кои секојдневно се борат за спас на животи

ГРЦИЈА СЕ ПИШМАНИ: Можно е границата за земјава да не се отвори на 15 јуни, ќе се следи состојбата

ГРЦИЈА СЕ ПИШМАНИ: Можно е границата за земјава да не се отвори на 15 јуни, ќе се следи состојбата

НАЈЧЕВСКА СО ПОРАКА: Ако Албанците не го столчат ДУИ на избори, уште долго ќе останат заглавени

НАЈЧЕВСКА СО ПОРАКА: Ако Албанците не го столчат ДУИ на избори, уште долго ќе останат заглавени

ЦРНА СТАТИСТИКА: Најмногу починати од Скопје, но највисока стапка на смртност има во Струга

ЦРНА СТАТИСТИКА: Најмногу починати од Скопје, но највисока стапка на смртност има во Струга

ТРОЈЦА ВО СТРУГА, ПО ЕДЕН ВО ПОНИКВА И ВО МАВРОВО - петорица угостители заработиле кривични пријави од Пазарна

ТРОЈЦА ВО СТРУГА, ПО ЕДЕН ВО ПОНИКВА И ВО МАВРОВО - петорица угостители заработиле кривични пријави од Пазарна

ОХРИДСКИТЕ ИНСПЕКТОРИ И ПОЛИЦАЈЦИ НА ТЕРЕН - казни за сместувачите што кршат правила

ОХРИДСКИТЕ ИНСПЕКТОРИ И ПОЛИЦАЈЦИ НА ТЕРЕН - казни за сместувачите што кршат правила

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - српските медиуми пишуваат дека вирусот повторно букна

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - српските медиуми пишуваат дека вирусот повторно букна

КАМПАЊА, ПРОВОКАЦИЈА ИЛИ НАДЕЖ - Ахмети и ДУИ бараат обединување за Албанец премиер

КАМПАЊА, ПРОВОКАЦИЈА ИЛИ НАДЕЖ - Ахмети и ДУИ бараат обединување за Албанец премиер