Како Врање стана жариште: Лидл шопинг на Македонци, прослави и плескавици
Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2021 10:39
Скоро една година од почетокот на пандемијата на корона вирусот во Србија, од првите случаи до денес, Врање е меѓу петте градови со најголем број на заразени речиси цело време. Во неколку наврати, имало зголемен раст на случаите, претежно во фабрики, но последната експлозија на ширењето на вирусот се случи кај млади луѓе под 20-годишна возраст, пишува српски Телеграф.
Во Врање расте бројот на новоинфицирани со недели, а со денови овој град беше на второто место во Србија, веднаш зад Белград. Чаршијата зуе дека имало неколку прослави на полнолетство, а на нив се собрале повеќе од 100 луѓе, претежно млади.
„Друга причина за ширење на вирусот се смета масовното пристигнување на луѓе од Македонија, пред се од Куманово, на шопинг. Покрај нив, по неодамнешното отворање на трговски центар, но и поради други содржини, граѓани од други општини на југ, како и оние од Косово и Метохија, се собирале во Врање. На тоа треба да се додаде почетокот на учебната година, но и одењето на зимски одмори, пишува медиумот
Иако во градот, во кафулињата, таверните, продавниците, маркетите и институциите строго се почитувала усогласеноста со мерките, како што пишува Телеграф, има шанси релаксацијата на младите на други локации да го шири вирусот во Врање.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




